Милијардерот педофил Џефри Епстајн ги приморувал своите девојки, малолетнички да спијат со него во спалната соба, во која температурата била поднесена на многу ниска температура. Ова го тврди новинарката на „Венити фер“, Ванеса Григоријадис, која и самата била сведок на раскошниот живот на Епстајн.
Таа вели дека осудениот милијардер-педофил сакал да спие со својот пиштол, кој го чувал во футрола, веднаш до креветот. Имал одбивност кон дрогите и алкохолот, а исхраната му се базирала исклучиво на зелена салата. Вака Ванеса го опишува бизарниот животен стил на милијардерот Џефри Епстај.
Епстајн бил обвинет за педофилија, а пресудата не дочекал да ја слушне, откако се обсил во неговата ќелија во затворот во Њујорк. Епстан сексуално ги искористувал своите жртви, малолетни девојки во својот дом на Менхетен, вреден 62 милиони долари.
Ванеса по серијата интервјуа со неколкуте негови девојки го разоткрила неговиот личнен свет. За Епстајн, таа вели дека бил емоционално инфантилан могул. Ванеса вели дека Епстајн секогаш имал покритие за дружба во јавност. Постојано околу него имало по неколку русокоси девојки во дваесетите години.
Една од нив, официјално му била девојка. Една од девојките ѝ признала на Ванеса дека Епстајн ја присилувал да спие во таканаречената ледена соба, затоа што верувал дека на тој начин подобро се спие.
„Сакаше да спие на температура од 12 степени. Си помислив дека ќе смрзнеме, дека ќе умре од хипотермија“, кажала девојката.
Друга девојка открила дека Епстајн бил толку параноичен што спиел со пиштолот во футролата, кој му бил покрај креветот. Епстајн бил опседнат со болни шпионски игри. Кога една манекенка одбила отворена врска со него, почнале да ѝ стигаат пораки со нејзини фотографии од секојдневниот живот.
Очигледно било дека Епстајн ангажирал човек да ја следи на улица и да ја фотографира. Друга девојка раскажала за нејзиното чудно чувство кое го имала, додека разговарала со него.
„Сомнително ќе ме погледнеше и ќе цитираше нешто што претходно сум го кажала за него во телефонски разговор со пријателка. Во тие моменти ќе го фрлев телефонот и го прекинував секој контакт со него“, изјавила девојката.
Се чини дека Епстајн имал некои заеднички карактеристики со својот пријател принцот Ендру, кој остро негира дека ги користел услугите на милијардерот. Принцот негира дека имал било каков контакт со неговата секс-робинка Вирџинија Робертс додека била малолетна.
„Не се дрогираше, ниту пушеше, ниту сакаше да биде со луѓе кои тоа го прават. Се тушираше повеќе пати дневно. Не сакаше да оди премногу во ресторани, а јадеше интегрални житарици, протеини и зелена салата“, тврди Григоријадис.
Една жена која патувала со принцот Ендру за Америка, за „Мејл он сандеј“, изјавила дека и синот на британската кралица Елизабета II, се однесувал слично како и Епстајн.
„Принцот Ендру не пие алкохол. Кога ќе излезе, нарачува чај и внимава како се храни. Не може да поднесе да биде меѓу пушачи“, изјавила таа.
Текстот Џефри Епстајн ги приморувал девојките да спијат со него во студената соба е превземен од Reporter.mk.