Џефри Епстајн не се самоубил

Американскиот милијардер и осуден педофил Џефри Епстајн, не се самоубил во затворската ќелија додека го чекал судскиот процес. Ова го тврди форензичкиот патолог Мајкл Бејден, кој бил ангажиран од братот на Епстајн.

Бејден вели дека никогаш во својата долгогодишна кариера не видел такви повреди кај лица кои се самоубиле, какви што ги имал Епстајн. Бејден за американската телевизија „Фокс Њуз“, изразил сомнеж во налозите на њујоршките паталози, кои тврделе дека милијардерот се обесил во својата затворска ќелија.

Извештајот од обдукцијата предизвика голем број сомнежи за смртта на американскиот милијардер. Бејден изјавил дека цврсто стои зад своите налози и дека во својата 50 годишна кариера, ова е првпат да открие кај жртвата која се самоубила, скршеница на гркланот и подјазичната коска. Бејден исто така објаснил дека неговите заклучоци не се конечни.

Епстајн на 10. август го најдоа мртов во неговата затворска ќелија во „Метрополитан“. Се обесил со постелнината околу вратот. Тој во затворот во Менхетен го чекал судењето за сексуално злоставување на малолетници.

Американскиот милијардер претходно бил под надзор, поради сомнение дека може да изврши самоубиство, откако беше пронајден во својата ќелија со модрици на вратот. Медиумите претходно пренесоа дека Епстајн бил добро поврзан со богати и моќни луѓе, меѓу кои биле и американскиот претседател Доналд Трапм, Бил Клинтон, како и британскиот принц Ендрју.

 

 

Текстот Џефри Епстајн не се самоубил е превземен од Reporter.mk.