Фудбалерите и навивачите на Србија на Светското првенство во Русија добија застрашувачки заканувачки пораки од страна на таканаречениот балкански огранок на озлогласената терористичка организација ИСИС (Исламската држава Ирак и Сирија).
Џихадистите објавиле и видеа на кои се прикажани снимки од нападите на стадионите, а најавена е и нивна акција за време на некој од дуелите на Србија.
Претседателот на Русија Владимир Путин, најави дека се превземани најголемите безбедносни мерки во историјата на ова натпреварување.