Влошените временски услови што се случуваат во светот треба да биде предупредување за сите луѓе да се плашат од големи поплави покрај крајбрежјата, вели хрватскиот експерт за цунами, климатологот и океанографот, доктор Мирко Орлиќ.
„Би рекол дека поплавите и подигнатото ниво на морето е последица на климатските промени. Имаме два процеси кои се случуваат во моментов. Тоа е подигнување на средното ниво на морето, а тоа е поврзано со климатските промени. Вториот се метеоролошките прилики кои доведуваат до поплави, а тоа значи низок притисок и силен јужен ветер, работи кои исто така се поврзани со климатските промени. Со години тие се менуваат, ќе бидат зачестени, поинтезивни и долготрајни“, вели Орлиќ.
Орлиќ смета дека последиците од климатските промени, ќе се случат многу побрзо од тоа што луѓето мислат. Тие нема да се случат во 2050 или 2100 година како што беше првично предвидено, туку многу порано, смета Орлиќ.
„Не би рекол дека климатските промени подраниле, само сега некои работи се случуваат повремено, а во иднина ќе се случуваат почесто. Прогнозите и понатаму остануваат за климатските промени. За тоа дека тие ќе бидат зачестени во 2050 или најмногу во 2100 година. На луѓето овие години им изгледаат далеку, па оттука сметаат дека не треба ништо да се превземе. Но, ова можеби е некаквов потсетник што сè може да се случи“, вели Орлиќ.
Морињата се подигнати и до еден метар
Проекциите за висината на морињата секаде во светот се слични. Се очекува подигање за околу 30 до 60 сантиметри на нивото на морето, а можеби и повеќе.
„Проекциите се работат за различни сценарија. На пример ако ништо не се работи на полето на намалување на емитувањето на гасови во атмосферата, сегашните предвидувања за подигањето на морето за 30 до 60 сантиметри може да биде погрешно и да очекуваме оваа бројка да достигне и до еден метар. Во шеесетите и деведесетите години имавме доста стабилен водостој, а од тогаш имаме пораст на водостојот од 10 сантиметри. Тоа е премногу“, вели Орлиќ.
Орлиќ вели дека граѓаните треба двапати да размислат ако купуваат куќа покрај море.
Текстот Експерт предупредува на климатски катастрофи – Не купувајте куќа покрај море е превземен од Reporter.mk.