Експерти од ОН предупредуваат на масовен егзодус на 200 милиони луѓе

Агенцијата на Обединетите нации за миграција, излезе со катаклизмични предвидувања за последиците од климатските промени, кои не очекуваат на глобално ниво.

Според предвидувањата на агенцијата на ОН, поради последица на суша, поплави, пожари и глад, како последица на климатските промени, до 2050 година, најверојатно околу 200 милиони луѓе ќе бидат принудени да ги напуштат своите домови, пренесува списанието „Наука“.

Група на меѓународни научници кои се залагаат за заштита на животната средина, сметаат дека единствениот начин со кој може да се избегне масовниот егзодус, е на време да се почне со планирање на повлекување на населението од крајбрежните места.

„Соочени со глобалното затоплување, порастот на нивото на морето и климатските екстреми, повеќе не се поставува прашањето дали некои заедници ќе мора да се повлечат од крајбрежјето за да се спасат и да се избегне материјална штета, туку кога и како ќе дојде до ваквото повлекување“, напишале авторите на текстот, објавен на порталот „Лајв сајенс“.

Авторите додаваат дека луѓето веќе сега би требало да почнат да се повлекуваат од крајбрежните подрачја. Тие веруваат дека ваквата преселба би можела да биде можност за ревитализација на заедницата и прераспределбата на богатствата на одржлив начин.

Тоа би можела да биде и можност да се субвенционираат нови школи, болници и да се осигура поволно сместување во побезбедни региони во внатрешноста. Во спротивно би можело да биде доцна. Исто така авторите навеле дека залудни би биле решенијата од типот на изградба на високи бетонски ѕидови во близина на океаните и морињата.

„На Гренланд веќе има доволно лед кој нивото на морето може да го зголеми за 7,6 метри, што би можело да биде кобно за крајбрежните подрачја ширум планетата. Веќе би требало да почнеме да се повлекуваме од овие места, затоа што во спротивно ќе се соочиме со сериозни проблеми“, вели океанографот Џош Вилис за „Си-Ен-Ен“.

НАСА можеби има план за повторно слетување на Месечината, но вселенската агенција сè повеќе внимание се посветува на истражување на планетата и се подготвува за она што не очекува. Тоа и не е така необично, со оглед на фактот дека на Гренланд во текот на еден ден, се стопени дури 12,5 милијарди тони лед.

Годинашниот 2. август влезе во историјата кога станува збор за губењето на ледените површини, а тоа е последица на големите бранови топлина кои ги погодија Соединетите Американски Држави и Европа.

Промените на Гренланд влијаат на цела планета, затоа што милијарди тони лед, кои се топат го подигаат нивото на морето во Австралија, Азија, Европа и САД. Дополнителен проблем претставува фактот дека научниците на еден од најголемите глечери на Гренланд, Хелхајм, откриле езеро.

Подоцна се испоставило дека станува збор за цел глечер опкружен со топла вода, нешто што претходно никогаш не било забележано. Хелхајм во изминатите неколку години го привлече вниманието поради тоа што изгуби километри лед. Само во 2017 година, изгубил површина од три километри, а минатата година откриена е санта која се одвоила од глечерот.

Во малото село на Гренланд, Кулусуни, НАСА поставила база во која се истражуваат температурите на воздух и како тие влијаат на топењето на глечерот. Исто така се испитуваат влијанијата на се потоплиот океан кој е причина за топење на ледот.

 

Текстот Експерти од ОН предупредуваат на масовен егзодус на 200 милиони луѓе е превземен од Reporter.mk.