Еквадор го предал Асанж за да земе кредит од ММФ од 4,2 милијарди долари

Властите во Еквадор го предадоа Жулијан Асанж во замена за кредит од Меѓународнот монетарен фонд, кој може да се добие само со одобрение на Вашингтон, вели таткото на основачот на „Викиликс“, Џон Шиптон.

Еквадор нема своја валута, туку го користи американскиот долар“, вели Шиптон, кој додава дека на крајот на февруари, Еквадор постигнал договор за финансирање со ММФ во износ од 4,2 милијарди долари, за да ја помогне својата економија.

Пред два месеци, претседателот на Еквадор Ленин Морено го оптовика политичкиот азил на Асанж. Основачот на „Викиликс“ бил уапсен од британската полиција, кога го извлекла од амбасадата на Еквадор во Лондон.

Асанж во амбасадата минал седум години, стравувајќи од екстрадација во САД, поради објавувањето на доказите за наводните злосторства и сомнителни политики кои наводно биле спроведени.

Таткото на Асанж ја коментирал и снимката од апсењето на неговиот син. Истакнал дека престојот во амбасадата имал страшен ефект по неговото здравје.

„Јас имам 74 години, а тој изгледа старо како и јас, а има 47 години“, вели Шиптон и додава дека стравувал од тоа дека Британија ќе го депортира неговиот син во САД.

Формално, Американците сакаат да покренат постапка против Асанж поради наводните сајбер-завери со поранешниот американски војник Челзи Менинг, која во 2010 година дала доверливи воени документи на „Викиликс“. Многумина сметаат дека обвинувањата уште повеќе ќе се зголемат, кога САД ќе го добие Асанж.

„САД се одлучни да му го уништат животот, затоа што сакаат да покажат дека сите предавници ќе бидат уништени“, изјавил таткото на Асанж.

Тој исто така ги негирал и исмеал тврдењата дека неговиот син работи со Русите, а вели дека ваквите обвинувања првиот пат почнале да се шират од штабот на Хилари Клинтон.

Таткото на Асанж смета дека Трамп ги добил изборите во 2016 година не поради тоа што неговиот син го објавил, туку поради тоа што Хилари Клинтон како државна секретарка ја уништи земјата Либија.

 

Текстот Еквадор го предал Асанж за да земе кредит од ММФ од 4,2 милијарди долари е превземен од Reporter.mk.