Британскиот музичар и пејач Елтон Џон смета дека земјите на Балканот и Русија се премногу хомофобни во однос на ЛГБТ-заедницата на овие простори.
Џон заедно со принцот Хари најавија нова меѓународна финансиска помош вредна 1,2 милијарди долари за да се прекине циклусот на пренос на ХИВ. Во исто време научниците говорат за слабите резултати и пронаоѓање на лекот.
Елтон Џон за време на вториот ден на меѓународната конференција за АИДС во Амстердам вербално ја нападна Русија и источна Европа обвинувајќи ги за дискриминација на хомосексуалците.
„Овие земји спроведуваат политика на голема дискриминација на припадниците на ЛГБТ-заедницата. Мораме да се бориме против тоа“, се пожали Елтон Џон.
Според британската музичка ѕвезда, дискриминацијата не се случува само во Источна Европа. Таа е премногу честа и во останатиот дел од светот.
„Источна Европа е многу хомофобна и ЛГБТ-заедницата тука многу тешко живее“, додал Елтон Џон во разговор за агенцијата „Франс прес“.
Музичарот оценил дека е нужно да се соработува со владите во врска со тоа прашање.
„Политиките мораат да бидат на висина на задачата за едно вакво важно прашање. Тие можат брзо да ја искоренат оваа епидемија. Ве молам,а сетете се дека сите луѓе се еднакво вредни“, додал Елтон Џон.
„Јас не сум претседателот Путин, ниту претседателот Доналд Трамп. Не сум претседател на држава. Политичарите мораат да бидат подобри луѓе“, порачал Елтон Џон во својот говор.
Текстот Елтон Џон: Балканот е многу хомофобен и ЛГБТ-заедницата тешко живее е превземен од Reporter.mk.