Музичката легенда Еливс Присли умрел на 16 август 1977 година, но голем број луѓе веруваат дека тој е сè уште жив. Според една од теориите на заговор, кралот на рокенролот ја излажирал својата смрт.
Корисник под името The Shadow објавил на „Јутјуб“ фотографија од 81-годишниот старец за кого тврди дека е Елвис Присли.
Во видеото, кое е прегледано преку 700.000 пати, The Shadow напишал: „Ги има кренато двата прста над левата страна од главата како доказ. Во халдејската нумерологија нумеричката вредност на знакот V е 9 и означува ‘доказ за живот’. Тој ни покажа дека е жив со едноставниот V знак.
Бројот 9 значи ‘јас сум жив’. Тој ни дава знак дека знае дека сите негови фанови се околу него и го набљудуваат“.
Некои, пак, сметаат дека ваквите тврдења се глупости и дека Елвис треба да биде оставен мирно да почива.