Илјадници спонзори ја поддржале иницијативата на неколку ентузијасти од Русија кои имаат цел да направат микросателит со кој би ги снимиле трагите што американските астронаути ги оставиле на Месечината.
Со оглед на тоа дека на Месечината нема ветер, трагите би требало да останат вечно на тоа место каде што газеле Американците. Во случај доколку навистина се направени. Постои и теорија дека трагите не можат да бидат направени доколку нема барем малку влага на површината на Месечината.
Иницијаторот на проектот, Виталиј Јегоров, изјавил дека за изградба на микросателитот ќе им бидат потребни околу 10 милиони долари.
А намерата е да се снимат местата на единствениот Земјин природен сателит на кои се спуштиле американскиот „Аполон“ и советското летало од серијата „Луна“.
Јегоров не крие дека ќе се обиде да го лансира својот микросателит како дел од лунарната мисија на Русија, Кина или Индија.
Јегоров за тоа не говори отворено, но вистинската намера за него и спонзорите е да провери дали Американците воопшто биле на Месечината.
Нил Армстронг, славниот американски астронаут, за време на прошетката на Месечината изјавил:
„Ова е мал чекор за човекот, но голем за човештвото“.
Во последните 50 години од слетувањето на Месечината очигледно е дека тоа бил голем чекор само за Америка, а не и за човештвото.
Со оглед на тоа дека Америка го губи приматот на светски лидер, во следните десет години би можело навистина да се разоткријат некои од големите светски лаги за настаните што ја одбележале историјата.