Мистериозната бринета која е снимена како во 2010 година како излегува од вилата на милијардерот педофил Џефри Епстајн во Њујорк, е Кетрин Китинг ќерка на поранешниот премиер на Австралија Пол Китинг.
Пол беше премиер на Австралија од 1991 година до 1996 година. Нејзините пријатели велат дека таа е девојката која е видена како ја напушта вилата на Менхетен и дека британскиот принц Ендру, ја побарал неа од неговиот пријател Џефри Епстајн.
Секретарот на нејзиниот татко Пол Китик за „Дејли Мејл“ изјавил дека е свесен дека се води истрага и засега се воздржува од какви било коментари на оваа тема.
Снимката која прв ја објавил „Дејли Мејл“, повторно ги покрена шпекуациите околу вмешаноста на синот на кралицата Елизабета, принцот Ендру и Епстајн, кој пак неодамна изврши самоубиство во својата ќелија.
Видеото е снимено во декември во 2010 година, два месеци откако Кетрин го напуштила Сиднеј и се преселила во Њујорк, за да биде поблиску до нејзиниот тогашен партнер Андреа Балзас.
За Балзас се шпекулира дека бил соработник на Џефри Епстајн, а нговото име се нашло во „црната книга“ на Епстајн, која е откриена за време на судската постапка.
Кетрин била една од двете бринети кои се видени како доаѓаат или си заминуваат. Засега нема никакви докази дека Кетрин била свесна за криминалните активности на Џефри Епстајн. Во моментот кога настанала оваа снимка, тој бил осуден за сексуално злоставување врз деца. Се наоѓал и во регистарот за сексуални престапници.
Војводата од Јорк, принцот Ендру, синот на кралицата Елизабета Втора, остро го демантирале тврдењата за наводната секс робинка на Епстајн, Вирџинија Робертс, која изјавила дека со принцот трипати имала секс, кога имала 17 години. Од палатата негирале дека принцот сторил какво било кривично дело.
Текстот Епстајн на принцот Ендру му ја наместил ќерката на екс премиерот на Австралија е превземен од Reporter.mk.