Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на вчерашниот митинг во Анкара ѝ се закани на Европа дека ќе пушти милион мигранти низ земјата да стигнат во Европа. Ердоган како што пренесуваат турските медиуми, вели дека сака и Европа малку да го понесе теретот кој го носи со себе бегалската криза.
„Нема да ги затвориме границите со земјите од Европска унија за бегалците. Кога ја отворивме вратата, многумина ми побараа да ги затворам границите. Им реков дека сè е готово. Завршено е. Вратите сега се отворени. Сега и вие ќе морате да го понесете својот дел од теретот. Стотина илјади бегалци веќе ја минаа границата, наскоро ќе бидат милион“, изјави Ердоган на митингот.
Оваа закана стана сериозна закана за официјалните претстацници на Европската унија, затоа што таа сега би можела да се соочи со мигрантска криза, многу полоша од онаа во 2015 година. Еден од начините на кој кризата тогаш беше запрена е договорот кој Унијата во 2016 година го постигна со Турција, за задржување на бегалците.
„Признавам дека Турција е во тешка ситуација што се однесува до мигрантите. Но, она што сега го гледаме не може да биде одговор или решение. Недозволиво е Турција да пушта бегалци да ја преминат Европа“, порачала Урсула фон дер Лајен, претседателската на Европската комисија и најавила дека денес ќе ја посети грчко-турската граница.
Според тајниот извештај на Агенцијата за заштита на надворешната граница на Европската унија (Фронтекс), од Турција се очекуваат масовни миграции, а ситуацијата е толку излезена од контрола што се предвидува дека бегалците нема да може да бидат запрени ниту по интервенција на турските власти ако одлучат повторно да ја затворат границата кон Грција. Германски „Велт“, кој го имал во предвид овој таен извештај на „Фронтекс“, пишува дека тој е подготвен за највисоките челници на Европската унија.
„Вестите на социјалните мрежи ја зголемија можноста за масовно движење од Турција кон границите на Европска унија. Први на удар се Грција и Бугарија, а на бугарско-турската граница има дури 60 службеници на „Фронтекс“, пишува Велт повикувајќи се на свои извори.
Текстот Ердоган планира да пушти милион мигранти во Европа е превземен од Reporter.mk.