Европската унија и Јапонија ќе потпишат сеопфатен трговски договор со кој ќе се елиминираат речиси сите царини.
Јапонија се надева дека со зацврстување на врските со ЕУ, ќе оживеaт меѓусебните директни инвестиции и истото ќе допринесе во борбата против глобалните аспирации на другите земји кон протекционизам, а истовремено ќе се зголеми репутацијата на јапонските брендови, соопштуваат од Јапонското министерство за надворешни работи.
Од ЕУ објавиле дека либерализацијата на трговијата ќе допринесе до раст на извозот на хемиските производи, облеката, козметиката и пивото во Јапонија, нешто што ќе осигура повеќе работни места во Европа.
Јапонците, исто така, ќе добијат поевтини сирења од Европа, како што се пармезан, гад и чедар, како и чоколади и бисквити, пренесува АП.
Договорот настанал по појавата на проблемите поврзани со трговските тензии кои настанаа по мерките на американскиот претседател Доналд Трамп.
Потпишувањето на договорот во Токио, кој во најголем дел е втемелен уште од минатата година, ќе има церемонијален карактер.
Договорот треба да биде потпишан на почетокот на овој месец, но истиот бил одложен, затоа што јапонскиот премиер Шинзо Абе го откажал заминувањето во Брисел, поради катастрофата на југозападот во Јапонија. Силните врнежи и поплавите предизвикаа загуба на повеќе од 200 животи.
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, кој допатувале во Јапонија, ќе бидат гости на свечената вечера во службената резиденција на јапонскиот премиер.
И двете страни ќе го истакнат значењето на договорот кој ќе опфати третина од глобалната економија и пазар со повеќе од 600 милиони луѓе.
Тоа ќе овозможи пониски цени на европските вина и свинското месо за јапонските потрошувачи, додека од друга страна Европејците ќе добијат поевтини јапонски делови за машините и поевтини чаеви и риба.
Договорот укинува околу 99% од увозните тарифи на јапонската роба во ЕУ и околу 94% од царините на европскиот увоз од Јапонија. Во наредните години се очекува тој процент да порасне на 99%.
Сегашната разлика во тарифите е резултат на исклучоците од некои производи, како оризот и културолошките и политичките чувствителни производи, кои Јапонија ги штити со децении.
Текстот ЕУ и Јапонија и го свртија гробот на Америка е превземен од Reporter.mk.