ЕУ може да и наметне катастрофални тарифи на САД, исто како што тоа го направи Кина, изјавил Трамп.
САД би можеле да заработат нов круг на зголемени царини на извоз кој исто така ќе бидат вредни 300 милијарди долари, ако се продолжи со притисокот со новите царини кон европските автомобили, предупредува ЕУ.
Во писмената изјава американското министерство за трговија наводно го предупредува Брисел, дека наметнувањето на тарифите за европските автомобили ќе биде штетно прво и пред се за американската економија.
Според документот од 11 страници дополнителната увозна тарифа од 25%, која се применува на автомобилите и деловите за автомобили, во првиот случај негативно ќе се одрази на американскиот БДП во вредност од 13 до 14 милијарди долари, а во тековната финансиска сметка, нема да биде позитивно погодена од овие мерки.
Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна се закани дека на увозот на европските автомобили ќе воведе тарифи од 20 проценти, ако Брисел не ги отстрани трговските пречки на робата која доаѓа од САД.
Трамп во неделата изјавил дека ЕУ е толку лоша како и Кина, кога се работи за начинот на кој европската земја тргува со САД.
Ги отфрли обвинувањата дека неговите напади кон ЕУ биле контрапродуктивни и дека наместо тоа би требало да ги засили односите со европските земји, за да заедно се реши кинеското трговско прашање.
Говорејќи за ситуацијата во автоиндустријата, Трамп за Фокс њуз изјавил:
„Европската унија можеби е толку лоша како и Кина, само помалку. Страшно е тоа што го прават“.
Вредноста на тарифите од 300 милијарди долари се препознати од страна на ЕУ отприлика како еквивалент на вредноста на американскиот увоз на автомобили и делови од ЕУ, кои во 2017 година достигнал 330 милијарди долари.
Според документот, европските произведувачи на автомобили произвеле во САД минатата година, 2,9 милијарди возила, односно 26 проценти од американското производство на автомобили.
Дури и без „Chrysler“ производството на компаниите кои се во сопственост на ЕУ, во САД, сеуште изнесува 16 проценти од националното производство и 1,8 милиони возила.
Комисијата напоменала дека „Chrysler“ некогаш бил еден од големата тројка на американските традиционални произведувачи, но сега е дел од „европската сопственост“.
ЕУ го потсети Вашингтон дека европската компанија која произведува во САД, често увезува делови потребни за своите американски фабрики, а исто така извезува голем број на делови од нивниот конечен производ.
Фабриките од ЕУ со седиште во САД извезуваат значан дел од своите производи, со што придонесуваат значително подобрување на размената на рона, што е приоритет на управата.
„Околу 60% од автомобилите произведени во САД од страна на компаниите со исклучива сопственост во ЕУ извезуваат во трети земји, вклучувајќи го и ЕУ. Мерките кои би им наштетиле на овие компаниии би биле самоодредени и би ја ослабиле американската економија“, се наведува во документот кој ЕУ го има испратено до Вашинтон.
Во истиот се истакнува дека автомобилите ќе станат поскапи и потешко ќе се продаваат.
Комисијата исто така предупредува дека наметнувањето на тарифите за европските автомобили би можеле да предизвикаат противмерки од останатите американски трговски партнери.
„Влијанието ќе биде влошено веројатно поради можните противмерки на американските трговски партнери, во однос над значителниот обем на трговија“, вели документот.
На самитот во Брисел челниците на ЕУ предупредуваат дека блокот ќе реагира на сите американски акции.
Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер очекува да се состане со Доналд Трамп во Вашингтон овој месец.