Германските правосудни органи соопштиле денес дека отвориле истрага поврзана за тројца луѓе, осомничени дека шпионирале за Кина. Според некои германски медиуми, еден од нив е поранешен европски дипломат.
Истрагата за шпионирање на тие лица за тајните служби на Кина е во тек, изјавил за „Франс прес“, портпаролот на Сојузното обвинителство задолжено по прашањата за шпионажа, Маркус Шмит.
Повеќе претреси се извршени денес во куќите и канцелариите на три лица во три германски града, меѓу кои и Берлин и Брисел. Германското обвинителство навело дека никој не е уапсен и дека не се наведени идентитетите на осомничените.
Според весникот „Шпигел“, поранешен германси дипломат е меѓу лицата опфатени во истрагата. Овој Германец работел во Европската комисија, а потоа во дипломатската служба на Европската унија и служен во пвеќе земји во Европската Унија, пишува весникот.
Наводно пред крајот на европската кариера во 2017 година, кога се придружил на компанијата за лобирање која советува големи фирми, почнал на кинеската тајна служба да и пренесува доверливи информации.
Се сомнева дека со себе регрутирал две лица за да му помогнат, од кои едната наводно патувала во Кина за да се сретне со оние кои им доставуваат информации, пишува „Шпигел“. Другата личност наводно самата назначила дека е подготвена да помогне во пренесувањето на информациите.
Овој случај настана во екот на полемика околу можното учество на кинеската компанија „Хуавеј“ во инфраструктурата на 5-Г во Германија. САД ја обвинуваат оваа кинеска групација дека шпионира за Пекинг.
Текстот Европски дипломат шпионирал за Кина е превземен од Reporter.mk.