Лековите што обично се користат за лечење за низа медицински состојби, како несоницата, алергиите или инконтиненција, негативно влијаат на мозокот, пишува Naturalnews.
Овие лекови се нарекуваат антиколинергици и го блокираат ацетилхолинот (органско соединение кое претставува невротрансмитер во многу организми, вклучувајќи го и човекот, а претставува естер на оцетната киселина со холинот).
Исто така го блокираат и работењето на невротрансмитерот на нервниот систем. Овие лекови и покрај ваквите ефекти, се дел од широкото застапување во медицинската терапија.
Овие лекови се продаваат во аптеки под разни имиња како Benadryl, Dramamine, Excedrin PM, Nytol, Sominex, Tylenol PM i Unisom. Останатите антиколинергици како Paxil, Detrol, Demerol i Elavil се достапни само на рецепт.
Повозрасните лица најчесто користат лекови за подобар сон и за ублажување на проблемите поврзани со мочниот меур. Во студијата направена на медицинскиот универзитет во Индијана во САД, а која е објавена во списанието Jama Neurology, е наведено дека биле скенирани мозоците на 451 испитаници, со цел да се утврди влијанието на некои од вообичаените лекови на метаболизмот и атрофијата на мозокот.
Во оваа група, 60 од испитаниците земале еден или повеќе лекови кои имале средно или високо антиколинергиско делување. Истражувачите користеле PET за мерење на метаболизмот на мозокот, MRI-скенирање за структурата на мозокот, како и низа когнитивни тестови и тестови за паметење.
Било откриено дека оние пациенти кои земале антиколинергици, имале полоши резултати на тестовите, отколку постарите пациенти кои не ги земале овој вид на лекови.
Некои од подрачјата каде што е забележан пад на перформансот кај испитаниците се вербално расудување, краткорочно паметење и решавањето на проблемите.
Она што ги загрижило истражувачите се резултатите од МRI-скенирањето, кои покажале помал волумен на мозокот и поголеми мозочни комори кај испитаниците кои ги пиеле овие лекови.
Освен тоа, овие испитаници имале пониско ниво на гликоза во мозокот. Особено загрижувачко ниско било нивото на хипокампусот (подрачје во мозокот одговорно за меморијата). Истражувачите велат дека ваквата состојба обично се јавува во фаза на раниот стадиум на Алцхајмеровата болест.
Истражувачите исто така ја навеле и деградацијата на мозокот, дури и кај испитаниците кои го прекинале консумирањето на горенаведените лекови.
„Овие резултати ни даваат многу подобро да разбереме како овој тип лекови може да дејствува на мозокот на начини кои би можеле да го зголемат ризикот од когнитивното оштетување и деменција“, вели истражувачот доктор Шенон Рисачер.
„Со оглед на сите докази, сега лекарите можеби ќе сакаат да ги земат предвид алтернативните антиколинергични лекови, ако такви воопшто постојат, додека работат со своите постари пациенти“, вели тој.
Некои од лековите што го намалуваат волуменот на мозокот и предизвикуваат когнитивни оштетувања се лековите за алергија, дијареа, настинка, астма, подобро варење на желудникот и други.
Ефектите биле забележливи дури по месец дена, по завршувањето на третманот. Претходните студии ги поврзувале овие лекови со зголемениот ризик од деменција и поголема веројатност за губењето на рамнотежата.
Истражувањето направено во 2013 година покажало дека овие лекови можат да доведат до когнитивни проблеми по 60 дена од нивното користење.
Друга студија открила врска на лековите со антиколинергиската токсичност, запекот, засушување на усните, оштетување на видот и конфузијата и слично.
Да биде работата уште полоша, факт е дека голем број постари луѓе земаат повеќе од еден лек на редовна дневна база. На пример, можат да земаат лек против алергија и лек за подобро варење на желудникот, вели „Рисачер“.
Текстот Фармацевтските компании произведуваат лекови кои нѐ прават глупави е превземен од Reporter.mk.