„Фејсбук“ им плаќал на своите корисници за пристап на нивните приватни податоци како пораки на социјалните мрежи, фотографии и видео-записи, мејлови, податоци за сурфање и пребарување на интернет.
Благодарение на истражувањата на новинарот Тек Кранчеа, јавноста има можност да открие колку чини цената на приватноста, односно колку корисници биле подготвени да ги предадат приватните информации од телефоните.
Оваа цена ѝ не е толку голема, вели Кранчеа. Изнесува само 20 долари месечно.
Толку секој месец „Фејсбук“ им плаќал на некои корисници за инсталација и користењето на нивната апликација Facebook Research, која собира бројни приватни податоци од телефонот.
Во информациите вклучени се приватни пораки на социјалните мрежи, фотографии и видео-записи кои се испраќале преку мејл, акстивности поврзани за сурфање и пребарување. Исто така Facebook Research преку податоците од другите апликации инсталирани на телефонот, можел да ја следи локацијата на корисниците.
За да го прикрие своето учество во програмата „шпионажа и следење“, „Фејсбук“ апликацијата ја маскирал преку сервисот за бет-тестирање Applause, BetaBound и uTest. На новинарските барања за коментар, од компанијата на Цукенберг го потврдиле спроведувањето на оваа програма, со која се собирале податоци за навиките на клиентите.
Од таму напоменале дека, слично како и други компании, тие ги повикувале корисниците за учество во истражувањето, кое имало за цел да ги подобри искуствата за користењето на Фејсбук.
Од компанијата велат дека целта, се разбира не била шпионирање на корисниците, туку само желбата да се дознае што повеќе за начните на кои се користат паметните телефони.
„Добиените информации не ги делиме со други компании, а луѓето можат да престанат да учествуваат во програмата кога ќе посакаат, велат од Фејсбук и напоменуваат дека на сите корисници биле постојано информирани за типот на податоци кои биле собирани од компанијата.
Со оваа апликација „Фејсбук“ ги има прекршено правилата на приватност за трговија преку апликациите на Apple.
Според ваквите апликации не смеат да собираат информации за други апликации, кои се инсталирани на корисничките уреди. Од истата причина Apple минатата година ја исфрлил апликацијата на „Фејсбук“ од App Store, а од компанијата Cooke, коментирале дека се свесни за овој проблем поврзан со Facebook Research.
Засега нема службена објава или било каква изјава од службите на Apple.
Во истражувањето на Фејсбук учествувале корисници меѓу 13 и 35 години. За малолетници е потребно одобрение од родителите, а од компанијата ги известуваат родителите дека не постојат ризици поврзани со овој проект, иако во проектот било вклучено следење на личните информации преку апликациите кои ги користат децата.
Притоа корисниците добиваат компензација за ваквото одобрување. По сите информации кои ги дознавме за „Фејсбук“ од Cambridge Analyticа, за плаќањето на малолетници за пристап до нивните податоци, новинарот Кранчеа, вели дека останува само да сè прашуваме што следи ѝ што може да не очекува во иднина?
Текстот „Фејсбук“ им плаќал на тинејџери за да ги шпионираат нивните телефони е превземен од Reporter.mk.