Во краткиот говор во 1992 година за време на самитот за Земјата, кубанскиот лидер Фидел Кастро предупреди на еколошкиот хаос што му се заканува на светот. Дваесет и седум години подоцна светските еколошки експерти велат дека неговиот говор се потврди со уништувањето и неконтролираните пожари што траат повеќе од една недела.
Во јуни 1992 година Кастро одржа краток, но впечатлив говор, во присуство на лидерите и претстаниците од 170 земји. Сега кога пламенот немилосрдно ги голта амазонските шуми, кои претставуваат бели дробови на планетата Земја, тој многу се прошири на социјалните мрежи.
Во тоа време Кастро ги обвини потрошувачките друштва како причина за страшното уништување на околината.
„Шумите исчезнуваат, пустините се шрат. Милијарди тони плодна земја заминува во морето секоја година. Многу видови изумираат. Притисокот на жителите и сиромаштијата доведува до очајнички напори за опстанок, дури и на штета на природата. За тоа не може да се обвинат земјите од третиот свет, довчерашните колонии, туку нациите што се немилосрдни кон светскиот поредок, кои експлоатираат и ограбуваат“, изјавил Кастро.
Но, ова не е единствениот пат кога Кастро говорел за надоаѓачката катастрофа. По самитот во Рио де Жанеиро, имало многу други говори, вклучувајќи го и оној на 30 јуни 1999 година кога во Бразил биле дефинирани ставовите како треба да изгледа светот за да може човештвото да преживее.
„Свет кој има вода за пиеење. Свет кој има воздух, кој може да дише. Свет кој може да ја набави потребната храна. Свет кој со својата богата технологија е способен да произведе покриви кои им се потребни на луѓето за да живеат, училишта во кои децата мора да се образоваат, лекови за луѓето да може да го зачуваат здравјето, неопходна медицинска помош за сите, за децата, младите и старите“, навел Кастро.
Исто така, во 2003 година во текот на конференцијата на потписничките на конвенцијата на Обединетите нации за сузбивање на сушата во Хавана, кубанскиот претседател уште еднаш го нападна потрошувачкото друштво и предупреди дека во наредните пет или шест децении резервите на фосилни горива ќе бидат исцрпени.
27 years ago, Fidel Castro made a powerful statement on ecological debt, on climate injustice due to extreme consumerism. More than ever, we should listen carefully and stand up to change this broken economic system! #ActForTheAmazon #ExtinctionRebellion https://t.co/AuPjfKseJs
— karina ospina (@karinaospina) August 25, 2019
Иако во 2008 година се повлече од политиката, Кастро продолжи да се занимава со проблемите со климатските промени и нивните разорни последици преку своето прочуено „Размислување“, кое го објави во последните години од својот живот во кубанскиот печат.
Кастро уште во 1992 година предупреди дека еден ден човештвото ќе стане свесно за овој проблем иако би можело да биде предоцна.
Текстот Фидел Кастро пред 27 години ја предвидел денешната еколошка катастрофа е превземен од Reporter.mk.