Фотографии на кои се прикажани неколкумина од вкупно 17 заробени оперативци, кои наводно се во врска со американската известувачка агенција ЦИА, почнаа да кружат низ иранските медиуми.
„Идентификуваните шпиони биле вработени во чувствителни и витални центри на приватниот сектор во економската, нуклеарната, инфраструктурната, воената и сајбер-областа, каде собирале доверливи информации“, велат од иранското Министерство за известувачки работи.
Ираб објавил дека во јуни го разбил шпионскиот синџир на ЦИА. Апсењата, како што известуваат светските медиуми, биле извршени во март 2019 година, но се објавени дури денес. На фотографиите наводно се прикажани неколкумина од уапсените и се поделени на социјалните мрежи.
Агенцијата „Тасним“, повикувајќи се на иранското Министерство за известувачки работи, соопштило дека на уапсените лица веќе им е изречена пресуда и дека некои од нив заработиле и смртна казна.
Текстот (Фото) Иранските власти уапсиле шпиони на ЦИА, за некои следи смртна казна е превземен од Reporter.mk.