Во пустина на југот на Перу откриени се мистериозни кругови, таканаречени циркуларни геоглифи. Круговите кои датираат од периодот меѓу 200 и 1400 година пред нашата ера, се поврзани со патиштата низ кои се пренесувала робата ширум регионот, велат истражувачите.
Кружните геоглифи се пронајдени во долината Сихуас. На југот на Перу се наоѓаат геоглифи во различен облик и шема. Древниот народ на Перу користел лами за да ја пренесува робата на далечни предели.
Нивните каравани можеби ги направиле геоглифите за време на застанувањата, како вид на понуда за духовите или боговите. Низ комплексни геоглифи има најмалку 92 кругови, во разни големини од 3-55 метри.
Текстот (Фото) Мистериозни кругови откриени среде пустина во Перу е превземен од Reporter.mk.