Германската покраина Баварија му исплатила 600.000 евра на Германецот Густл Молат затоа што неправедано го осудила и сместила во душевна болница, соопштиле од Покраинскиот суд во Минхен. Овој случај привлекол големо внимание во германската јавност и медиуми, откако Молат седум години ги минал неправедно во болница.
Во 2006 година неговата сопруга Петра Молат го обвинила и докажала со потврда од лекар дека тој е параноичен. Молат претходно ѝ се заканил дека ќе ја пријави затоа што открил дека е вмешана во незаконски трансфер на пари во банка во Швајцарија.
Судот во 2013 година ја повторил постапката и го ослободил. Во обновената постапка било утврдено дека неговите обвинувања на сметка на сопругата не биле резултат на параноја, туку дека биле вистинити. Молат минал 2747 денови во психајатриската институција.
Тој на почетокот на повтореното судење изјавил дека не можел да ги заборави годините минати во болницата. Тврди дека персоналот секоја вечер постојано го будел.
„Седум години не можев да спијам како што треба. Секоја ноќ се будам целиот испотен“, изјавил Молат.
Исплатата на отштетата е резултат на вонсудска спогодба меѓу Густла Молат, кој денес има 63 години и Баварија. Молат првично барал оштета од 1,8 милиони евра, плус надокнада за евентуални здравствени трошоци од престојот во психијатриската болница. Баварија веќе му платила 70.000 евра, сметајќи дека тоа е доволно.
Текстот Германец добил 600.000 евра отштета, затоа што неправедно минал седум години во душевна болница е превземен од Reporter.mk.