Хрватскиот научник и биолог Мирослав Радман тврди дека епидемијата на коронавирусот, од која досега се заразени над 80.000 луѓе и однесени повеќе од 2700 човечки животи, е најлошата во историјата.
Радман тврди дека истата е последица на глобализацијата, но според него, истата и ќе го уништи. Гледано низ призмата на бројки, коронавирусот не е најлошата епидемија што му се случила на човештвото низ историјата.
„Досега има многу епизоди на епидемии кои се далеку поопасни од коронавирусот. Некои дури биле и закана за опстанокот на човечкиот род. На пример таков е случајот со црната колера од средниот век, која ја опустошила цела Европа. Радман вели дека вирусот нема да биде сопрен од технологијата, туку единствено со здравиот разум.
„Таков беше случајот со вирусот ебола, кој е многу посмртоносен од коронавирусот“, вели Радман.
Причината за ваквите пандемии, кои се појавуваат циклично, е брзата еволуција на патогените бактериите и вирусите. Тие едноставни организми се размножуваат и се менуваат со голема брзина. Брзо мутираат, еволуираат, па со промената можат да се прилагодат на новите домаќини, жртвите, вклучително и луѓето.
„Човечкиот организам е огромен и комплексен систем на клетки па случајни генетски промени се појавуваат многу бавно, а кога ќе се појават главно се штетни. Во однос на гените, човекот ќе ја губи трката со паразитите, но затоа преку еволуцијата на знаење, ќе ја продолжи борбата со биолошкиот непријател“, вели Радман.
Во забрзаната трка по нова вакцина или некоја хемикалија која го труе животот на коронавирусот, модерните технологии се многу корисни. На фармацевтите им останува да погодат на среќа и да наидат на ефикасен лек или вакцина по пат на безбројни обиди, вели Радман.
„Фармацевтите ќе создадат вакцина со анализа на површината на вирусот додека не наидат на делче што го ‘гледа’ нашиот имунолошки систем. Вакцината ќе биде ефикасна кога ќе се покаже дека ја победува синтезата на антителата која го убива коронавирусот, а притоа не му штети на човечкиот организам“, тврди Радман.
Хрватскиот молекуларен биолог има добиено голем број награди и е член на најпрестижните светски академии на науки. Тој смета дека ситуациите слични на коронавирусот ќе се повторуваат и во иднина, најмногу поради глобализираниот свет во кој се мешаат бројни популации, поради туризмот и меѓународната економија, што претпоставува континуирани патувања, метеж и блиски односи кои се погодни за преноси на паразити.
„Излоацијата на жариштето на инфекцијата е најпримитивниот и најефикасен метод. Карантинот е навистина единствената рационална борба против вирусот. Здравиот разум е помоќен од технологијата затоа што технологиите не размислуваат, а ние мора да размислуваме“, вели научникот и додава дека денешниот човек е поврзан со другите повеќе од кога било во својата историја, а истовремено е и најголем хедонист кој се стреми кон задоволување на примарните човекови потреби како храна, пиење, размножување и запознавање со околината.
Кога вирусот се појави во Кина, пред околу еден месец, државните власти го направија токму тоа, основаа карантини, забранети се влегувања и излегувања од градот и воведоа редица превентивни мерки.
Текстот Глобализацијата го создаде, но и ќе го уништи коронавирусот, тврди хрватски научник е превземен од Reporter.mk.