Го чека ли Балканот сибирска зима како САД?

Дали Балканот ќе ја доживее сибирската зима, која во моментов владее во северниот дел на Америка? Ова прашање си го поставуваат голем број научници и светски метеоролози. Многумина се прашуваат како е можно во Америка да бидат забележани толку големи температури под нулата, додека светот на глобално ниво се загрева.

Северот на САД е залееден поради поларните температури и ветровите кои доаѓаат од Арктикот. Исто така е најавен и студен бран кој ќе завладее со Европа. Исто така се поставува прашањето како луѓето на Балканот ќе можат да се носат со ваквите екстремни временски неприлики.

Светот во моментов се смее на твитот на американскиот претседател Доналд Трамп кој за поларните температури во САД, го обвини глобалното затоплување. Трамп наметна важни прашања за температурите кои во оваа земја достингаа и до 50 степени под нулата.

Хрватскиот портал „Индекс.хр“, првото прашање што го поставува е зошто се забележани такви студени рекорди, ако светот глобално се затоплува и ако големите зимски минуси ги има се помалку?

Над земјините полови како на северниот, така и на јужнот пол, во повеќе делови од атмосферата, топосферата и стратосферата, се наоѓаат подрачја со низок притисок на воздухот.

Тие се нарекуваат поларни вортекси, или вртолози. Во ваквите вртолози, поради ротацијата на Земјата, воздухот кружи во насока од запад кон исток.

Кога зборуваме за северната хемисфера, под северниот вортекс, се наоѓа маса на студен, густ, арктички зрак. Местото на средба на студените поларни суви маси на воздухот, со топлите и влажни, кои се наоѓаат во близина на екваторот, се нарекуваат поларен фронт и приближно се протегаат на околу 60º географска ширина.

Тоа значи дека се судираат некаде над Скандинавскиот полуостров. Поларнот вортекс чија сила зависи од големата разлика во температурите на половите и на екваторот, обично е посилна во зимата, а послаба во летото, затоа што разликите во температурите се посилни во зима, а послаби во лето.

Со климатските промени, Северниот пол побрзо се загрева. Многу побрзо од остатокот на светот, велат метеоролозите. Причината за тоа е во фактот дека секоја година белата површина на ледот која рефлектира со сончева светлина, се повеќе се намалува, а површината на темното море, кое го впива сонцето е зголемена.

Така се создава топење на ледот и затоплување. Ваквото забрзано затоплување на Северниот пол доведува до помали разлики во температурата меѓу поларните и тропските краеви, а со тоа доаѓа до намалување на разликите во притисоците. Поради ваквото слабеење, слабее и поларниот вртолог кој функционира како своевиден ѕид кој спречува продор на студениот воздух на југ. Тој се почесто се движи низ низините, а повремено доаѓа до негово двоење, воглавно на два дела.

Ваквата ситуација обично наговестува пораст на температурите во стратосферата над Северниот пол на висина меѓу 20 и 30 километри. По распадот, еден дел од вртлогот и ледената маса на арктичкиот воздух обично патува кон Канада, а друг дел кон Евроазија.

На високите географски ширини, на кои се наоѓа Скандинавија и Канада, во такви околности доаѓа до засилување на антициклонот, односно до висок воздушен притисок, што во случајот на Европа овозможува создавање на прооден пат за продор на студениот воздух од Сибир кон југ. Овој ефект посебно се засилува ако е потпомогнат од циклони, односно низок воздушен притисок на подрачјето на Средоземјето.

Што го чека регионот?

Сите со право се прашуваат, можно ли е во Европа, односно нашиот регион да го зафатат вакви поларни температури. „Индекс.хр“ пишува дека одговорот на ваквото прашање е потврден.

Европа во последните децении воглавно била поштедена од изразито големи продори на полрани вртлози, какви што во периодот на зимата често се појавувале во САД. Голем број анализи и метеоролошки податоци направени во последните три децении покажуваат дека зимскиот поларен вртлог се повеќе се сели на исток. Од северозападот на САД кон североистокот на САД, а понатмау кон Евроазија.

Суштината е во тоа дека на Земјиниот пол постојат два поларни вртлози. Еден во стратосферата на висина од околу 20.000 метри, а вториот во тропосферата на висина меѓу 5500 и 9000 метри. Кога метеоролозите говорат за поларен вртлог, обично мислат на оној понискиот во тропосферата.

Но, студија направена во 2016 година посебно внимание посветила на стратосферскиот вртлог кој може да има влијание на временските прилики на средните географски ширини.

Метеоролошките податоци користени во анализата покажале дека таквите вртлози во последните 30 години слабеат и патуваат кон истокот. Ваквото слабеење значи дека ќе можат полесно да се одделат од поларните краеви и да се спуштат длабоко кон југот, нешто што може да се случи на крајот на зимата.

Студијата исто така утврдила дека постои некоја блиска поврзаност меѓу намалувањето на арктичката површина под ледот и поместувањата на вортексот, но засега не може да се разјасни кој механизам би можел да биде одговорен за тоа.

 

Текстот Го чека ли Балканот сибирска зима како САД? е превземен од Reporter.mk.