Пол израснал во Чикаго со мајка му Дора и татко му Честер. Дора и Честер останале без своето вистинско бебе во април 1964 година. Тоа било земено од болницата кога Дора се породила. Го земала жена во униформа, а на родителите им рекла дека мора да го однесе на преглед, но никогаш не го вратила.
Веста за исчезнувањето на бебето станала национална, а биле ангажирани повеќе од 175.000 поштари, 200 полицајци и агенти, кои пребарале околу 600 куќи во негова потрага. Сепак, првично немало никакви резултати.
Две години подоцна момче кое одговарало на описот на Пол било пронајдено во трговскиот центар во Њу Џерси. Во шеесеттите години од минатиот век ФБИ немал начин да утврди дали станува збор за вистинскиот Пол, но на крајот одлучиле дека неговиот идентитет е тој. Агентите им го однеле момчето на Дори и Честер.
Пол вели дека како минувало времето, тој станувал сè посомничав што се однесува до неговиот идентитет. На негова 10-годишна возраст пронашол исечок од весник во кој пишувало дека бил киднапиран како бебе. Родителите му објасниле дека имал само еден ден кога жената во униформа го зела од мајчината прегратка.
„Ги прашував дали се тоа моите родители. Не личев на никој од нив. Немав исти интереси како мојот брат Дејв. Јас сакав рок-музика, мотори и пуштав долга коса. Бев целосна спротивност на мојот брат“, вели Пол.
Пол основал свое семејство, но кога лекарот го прашал за семејната историја на болести тој сфатил дека е крајно време да ја открие вистината. Успеал да ги убеди неговите родители Дора и Честер да направат ДНК-тест. Се утврдило дека не се во исто сродство. Пол ангажирал и приватни детективи за да дознае дел од вистината.
BBC News – The FBI said I was my parents’ stolen baby – but I found the truth https://t.co/gpx3hEVLyX
— Paul Joseph Fronczak (@pjfronczak) June 20, 2018
Пол е роден како Џек Розентал и бил шест месеци постар од тоа што првично било утврдено. Се претпоставува дека Пол и неговите браќа и сестри биле напуштени од нивните биолошки родители. Неговата мајка била алкохоличар, а татко му воен ветеран кој имал проблем со психата.
Пол сега се обидува да го открие и вистинскиот син на Дора и Честер, но и својата биолошка сестра близначка, која исчезнала во исто време како и тој.
Пол Фронзал напишал книга за својот живот. „Вистинската приказна за киднапирањето, семејните тајни и мојата потрага по вистинскиот идентитет“ – The Foundling: The True Story of a Kidnapping, a Family Secret, and My Search for the Real Me.
Текстот Го загубила бебето по породувањето, по две години од ФБИ ја убедиле дека го нашле е превземен од Reporter.mk.