Големиот број на близнаци со светла коса и очи во град во Бразил останува мистерија до ден денес

Со години голем број на истражувачи останеле во заблуда поради појавата на голем број на близнаци со светла боја на косата и очите во бразилскиот град Кандидо Годои.

Некои од нив сметаат дека појавата на ваквиот голем број на деца е поради водата, додека други сметаат дека причината лежи кај Јозеф Менгеле, нацистички лекар, познат како „Ангелот на смртта“, кој спроведувал експерименти врз тамошните жени“, пишува nytimes.com.

Група истражувачи водени од аргентинскиот историчар Хорхе Камарас ја бараат вистината за ваквата ситуација. Генетичарот Урсула Мате вели изјавила дека сега можат да се отфрлат сите шпекулации преку направени ДНК тестови. Урсула вели дека нејзиниот тим спровеле вакви тестирања на околу 30 семејства во 2009 година.

Резултатите покажале дека во популацијата постои одреден ген, кој почесто се појавувал кај мајките на близнаците отколку кај оние без близнаци. Ваквиот феномен бил дополнет со високото ниво на вкрстување меѓу населението, кое било составено речиси целосно од имигранти кои зборувале германски јазик.

„Ние анализиравме шест гени и откривме дека еден ген им дава предиспозиција на одредени жени да раѓаат близнаци“, вели Урсула.

Урсула била првиот научник која ја документирала својата студија од 1990-те години и во која констатирала дека стапката на раѓања на близнаци во градот била невообичаено висока. Особено во местото Сао Педро, село со околу 350 жители. Урсула открила дека во периодот од 1990 година, до 1994 година, 10 проценти од раѓањата во Сао Педро резултирале со близнаци. Во Бразил пак на целата територија, раѓањето на близнаци изнесувало помалку од 1%.

Високата концентрација на близнаци допринела за појава на бројни теории. Жителите велат дека во 1960-те години, Менгеле се движел низ јужниот дел на Бразил претставувајќи се како ветеринар. Новинар од Аргентина во својата книга објавена во 2008 година напишал дека Менгеле спровел експерименти врз жените во ова место, што резултирало со појава на раѓање на голем број на близнаци, од кои голем дел од нив денес имаат руса коса и очи.

Менгеле кој починал во Бразил во 1979 година, бил познат по своите честопати смртоносни експерименти кои ги правел врз близнаците во Аушвиц. Тој наводно експериментите ги правел во обид да создаде германска супериорна ариевска раса за Хитлер.

Студијата која ја спровела доктор Урсула, се состоела од анализа на 6615 потврди од крштевки, кои датираат од 80 години од минатиот век, претежно од римско-католичкиот град, со кои е откриено дека феноменот на близнаци на ова место постоел уште во периодот во 30-те години на минатиот век, многу долго време пред периодот на Менгеле.

„Во почетните фази на нашето истражување, веднаш ја побивме секоја вемшаност на Менгеле во ваквиот случај“, вели доктор Урслула.

Нејзиниот тим од 20 истражувачи, исто така го има анализирано и водоснабдувањето на градот. Тамошните жители веруваат дека мистериозен минерал би можел да биде одговорен за високата стапка на двојни раѓања.

Додека тимот аналитичари ги проучувале потврдите од крштевките, било утврдено дека најголемата концентрација на близнаци се случува во Сао Педро, каде биле регистрирани 33 близнаци од 436 раѓања во периодот од 1959 година до 2008 година. Сите тие биле родени во простор од 1,5 квадратни милји.

 

Тие го завршиле своето истражување со анализа на имињата и спроведување на генетски тестови на жените. Научниците веруваат дека бројот на имигранти кои живеат во ова место би можеле да влијааат на генот во регионот.

„Ова не зчани дека станува збор за универзален ген. Ако земеме близнаци од Нов Зеланд и нив ги тестираме, веројатно ќе добиеме поинаков резултат“, вели доктор Урсула.

Сите жители во градот ја поддржале ваквата студија со надеж дека ќе ја откријат причината зошто во ова место има појава на толку голем број на близнаци.

 

 

Текстот Големиот број на близнаци со светла коса и очи во град во Бразил останува мистерија до ден денес е превземен од Reporter.mk.