Научниците предупредуваат на нова закана која би можела да предизвика целосен потоп. Во најновите истражувања тие велат дека топлите океански води, под огромните глечери на Гренланд, го забрзуваат неговото топење, пренесува „Си-Ен-Ен“. Ова откритие во понеделникот е објавено во списанието Nature Geoscience.
Дел од експертите велат дека одамна им е познато дека зголемените температури на воздухот допринесуваат за одмрзнување на површината на Гренланд, а сегашните нови истражувања сега откриваат нова закана која доаѓа под ледот. Ледениот јазик е лед кој лебди на водата не одвојувајќи се од ледот на копното, објаснуваат научниците.
Овој огромен леден јазик, кој експертите го проучувале со години е долг речиси 80 километри. Студијата открила подводна струја, широка околу два километри, каде топлата вода од Атлантикот, би можела да тече директно до глечерот, доведувајќи до огромни количини на топлина во контакт со ледот. Тоа ќе предизвика топење на глечерот.
„Сега е јасна причината за ова брзо топење“, вели Жанин Шефер, океанограф од Германскиот инстиутт Алфред Вегенер, кој го водел тимот на истражувачи. Научниците откриле слична струја во близина на вториот гренладски глечер, каде огромен леден јазик се одвоил и е упатен кон океаните. Одмрзнувањето на огромните количини лед на Гренланд, во моментов е најголем движечки раст на глобално ниво на морињата, а според декемвриската студија во списанието „Нејчер“, ледената покривка на Гренланд, сега се раствара седум пати побрзо, во однос на 1992 година.
Оваа ледена покривка има доволно вода да го подигне нивото на морето за повеќе од седум метри. Рекордното ниво е забележано на поголемиот дел од Арктикот минатото лето, што предизвикало топење на 11 милијарди тони ледена површина на Гренланд, за само еден ден, предупредуваат научниците.
Само во јули ледената капа на Гренланд изгубила 197 милијарди тони лед, вели Рут Мотрам, климатолог од Данскиот метеоролошки завод. Температурите на водата исто така ги собориле рекордите во 2019 година. Според студијата објавена во списанието Advances in Atmospheric Sciences, температурите во океанот минатата година изнесувале 0,075 степени Целзиусови, над просекот во периодот од 1981 година до 2010 година.
Топлината која денес ја апсорбираат светските океани, генерира отприлика пет атомски бомби фрлени на Хирошима, под услов, секоја 25 година биле фрлени секоја секунда. Топлите океани влијаат на морскиот живот и можат да резултираат со пад на уловот во деловите во светот во кои рибите се главен извор на храната.
Текстот Гренланд се топи побрзо од очекуваното, научниците предупредуваат на целосен потоп е превземен од Reporter.mk.