Група британски пратеници за кои се претпоставува дека се поддржани од мултимилијардерот Џорџ Сорос ѝ упатија закана на социјалните мрежи на кралицата Елизабета II, по нејзината одлука да ја суспендира работата на Парламентот. Кралицата го усвои барањето на владата на Борис Џонсон.
Со ваквиот потег таа наиде на бурна реакција кај британските граѓани кои се залагаат за опстанок на земјата во рамките на Европската Унија. Лидерот на Парламентот, пак, Џејкоб Рис Мог, го опишал овој бес кај граѓаните како лажен и изјавил дека овој потег е уставен и правилен.
Групата која се залага за земјата да остане во рамки на Европската Унија, упати непријатна порака и навести во својот твит дека судбината на монархот ќе остане неизвесна, ако се продолжи со оваа политика.
Многумина ваквиот твит го сфатија како референца на англиска граѓанска војна. Кралот Чарлс Први бил обезглавен во 1649 година, откако удрил на пратениците во обид да ја потврди надмоќта на монархијата над Парламентот.
Групата Best for Britain, која на „Твитер“ брои околу 47.000 луѓе, навестува дека кралицата Елизабета II би можела да претрпи слична судбина, откако се согласила да го суспендира Парламентот на месец дена меѓу средината на септември и 14 октомври.
Премиерот Џонсон истакнал дека моменталната седница на Парламентот, која трае 340 дена, била најдолга во последните 400 години и објаснил дека треба да биде запрена, за да може новата законодавна програма да биде воведена во говорот на кралицата што ќе се случи на 14 октомври.
Групата „Најдобро за Британија“, за која се верува дека ја поддржува Сорос, тврди дека нема смисла кралицата да го поддржува овој длабоко недемократски, неуставен и во основа политички маневар на владата.
„Ако од кралицата се побара помош, би било добро да се сети дека историјата не била благонаклонета кон припадниците на монархијата кои помагаат и ја поддржуваат суспензијата на демократијата“, напишала на „Твитер“ оваа група против брегзит.
„Спутник“ засега пишува дека не можел да ги провери наводите во врска со групата со Сорос. Кралицата е шеф на државата во Обединетото Кралство, но таа е уставен монарх и ниту еден владетел во современата историја досега не одбил барање од изборната влада.
Текстот Група поддржана од Сорос ѝ се закани на британската кралица е превземен од Reporter.mk.