Американската компанија „Гугл“ на својата мапа открила локации на Тајван на кои се наоѓале противракетниот систем „Патриот“. Од Министерството за одбрана на Тајван, побарале од „Гугл“ да ги „замагли“ локациите на кои се наоѓаат проектилите.
„Прикажаните локации на воените бази не значат дека станува збор за фиксирана положба, во период на вонредна состојба“, изјавил Џен Деф официјално лице од Министерството за одбрана на Тајван.
Неименувано лице од истото министерство, тврди дека веројатно станува збор за стари снимки, затоа што војската непрекинато ја префрла техниката, со цел да ја сокрие и ги измами непријателите.
Деф вели дека е формирана работна група за соработка со „Гугл“, поради „камуфлажата“ на тајванските сили во иднина. Со подобрениот приказ на мапите на „Гугл“, и претходно биле забележани неколку локации каде биде забележани тајни ракетни бази.
Од Министерството велат дека станува збор за локации каде биле сместени Националното биро за безбедност и Бирото за военоизвестувачки прашања.
Текстот „Гугл“ откри тајни локации на Тајван со американско оружје е превземен од Reporter.mk.