Хитлер нарачал во Полска да се изгради најстрашното одмаздничко оружје за одмазда (Vindervafe).
Уредот имал способност да патува низ времето и ги поседувал сите антигравитациони способности, а неколку нацистички научници умреле за време на процесот на тестирање.
Додека сојузниците на крајот на војната се приближувале, уредот наречен Ѕвоно е префрлен во Јужна Америка.
Така барем тврдат теоретичарите на заговор кои своите информации ги базираат на изјави на СС офицерот Јаков Споренберг. Јаков за време на судењето во Полска изнел неверојатни информации.
Според неговите зборови, поради прикривањето на Ѕвоното биле убиени 60 инженери, научници и техничари.
Ѕвоното било широко 2,7 метри, а високо 4,5 метри. Кога било во погон, се слушало необично зуење.
Истражувачот Игор Витковски тврди дека активното ѕвоно емитувало поле на енергија во широчина од 200 метри, а секој кој ќе се нашол во него умирал.
Според неговите зборови машината можела да емитува и слики од минатото.
Хитлер наводно пред крајот на војната го испратил Ѕвонот во Јужна Америка каде сеуште се наоѓа. Други тврдат дека веќе одамна е во посед на САД или во тајната нацистичка база на Антарктикот.
Текстот Хитлер создал ѕвоно со кое може да се патува низ времето е превземен од Reporter.mk.