Полицијата го уапси главниот осомничен за убиството на малата Пеги Кноблох (9). Главниот осомничен призна по 17 години дека ја закопал во шума, но не и дека го убил девојчето.
Пеги исчезна на 7 мај 2001 година, во градот Лихтенберг, додека се враќала од школо.
Peggy Knobloch: Man admits dumping missing German girl’s body https://t.co/nBFiwSQ3P3 pic.twitter.com/6brq8kxcjp
— Relentless NEWS® (@RelentNews) September 21, 2018
Нејзините посмртни останки случајно ги пронашол човек во јули 2016 година. Човекот додека берел печурки на граничната област меѓу Баварија и Тирингија. Тој пронашол само делови од скелетот, но не и нејзината облека и ранец.
Тогаш истражителите пронашле докази кои ги однеле до Мануел С. (41) еден од главните осомничени кога девојчето исчезнало. Тој во меѓувреме се оженил има две деца и со семејството живее на селскиот имот во Марклојтен. Повеќе пати Стеф бил сослушуван. Последен пат бил сослушан на 13 септември кога полицијата извршила рација на неговиот имот.
Mordfall Peggy Knobloch – “Sagte immer, hat damit nichts zu tun”: Verwandter von Manuel S. schockiert über Verdacht https://t.co/GGqJL5Hrna
— FOCUS Online (@focusonline) September 13, 2018
Иако Мануел С. бил главниот осомничен, сепак уапсен бил неговиот ментално заостанат пријател Улви К. (40). Дури и му било судено за убиството на малата Пеги. Подоцна бил ослободен поради недостиг на докази.
Улви К. на полицијата им раскажал две различни приказни. Прво рекол дека Мануел го убил девојчето, а подоцна се утврдило дека Мануел го сокрил телото.
Сега Мануел признал дека ја закопал малата Пеги. Наводно еден човек на автобуска станица му го предал девојчето кое умирало. Мануел се обидел да ја оживее, но кога не успеал во тоа, ја замотал во ќебе и ја ставил во автомобил. Подоцна ја однел во шумата каде ја закопал.
Полицијата сега истражува кој е тој мистериозен маж, и дали приказната е веродостојна. Агонијата на семејството на убиената продолжува до ден денес.
Текстот И по 17 години убиството на малата Пеги останува мистерија е превземен од Reporter.mk.