И послаб удар од оној во сантата мраз ќе го потонеше „Титаник“: Нови тврдења на научниците за најпопуларниот брод

Канадски научници од државната агенција DREA велат дека ја знаат причината за потонувањето на бродот „Титаник“ во Атланскиот океан. Тие зeмале примероци од бродот и направиле симулирана несреќа. Се испоставило дека бродот немал никакви шанси да преживее ни многу послаб удар од оној во сантата мраз.

Научниците заклучиле дека технологијата во таа доба не била доволно развиена за да може да се изгради таков џиновски брод, кој би бил безбеден за пловидба. Кога го симулирале сударот на челичните плочи со еквивалентна пречка како сантата мраз, во која удрил „Титаник“, челикот се распрснал како стакло.

Резултатот бил идентичен како оние искршени даски и челик кои ги нашле на дното во океанот. Експертите за материјал веднаш забележале грешка во челичната конструкција на бродот и во завртките кои ја поврзувале конструкцијата со костурот на бродот.

Тие велат дека веќе долг период во физиката е познато дека челикот под одредени услови не е еластичен, туку зацврстува и при било каков удар, тој пука. Ниската температура на водата, високото ниво на сулфур во челикот и силниот удар при брзина од 42 километри е причината за потонувањето на „Титаник“. Научниците велат дека доволно била само една од наведените причини да се случи за „Титаник“ потоне.

На тоа се надоврзала и четвртата кобна околност. Кога научниците прв пат ги прегледале парчињата конструкција, се запрепастиле кога виделе дека истите биле пресечени како со жилет. Се испоставило дека во такви околности тие веднаш попуштиле. Канаѓаните велат дека сега им е јасно како настанала големата дупка во трупот и зошто „Титаник“ потонал 24 пати побрзо од тоа што во тој период луѓето кои го правеле можеле да претпостават.

Во кобната ноќ на 14 април 1912 година, во моментите кога среде Атлантикот потона „Титаник“, загинаа 1514 луѓе. Бродот запловил од пристаништето во Саутхемптон кон Њујрок.

 

 

 

Текстот „Титаник“ бил направен како од стакло, не би издржал ни најмал удар е превземен од Reporter.mk.