Премиерот на Малта Јозеф Мускат, ги известил своите соработници дека ќе се повлече од функцијата како резултат на политичката и правна криза која била предизвикана од истрагата на убиството на новинарката Дафне Каруан Галиција. Мускат разговарал со претседателот на Малта, Џорџ Вело за неговите намери да се повлече од функцијата.
Тамошните медиуми пренесуваат дека Мускат јавно ќе ја соооштел својата одлука, откако најбогатиот бизнисмен на Малта, Јорген Фенех ќе биде обвинет во судот за убиство на новинарката. Тој ќе покрене процес за смена, внатре во Лабуристичката партија, а се очекува Малта до јануари да има нов премиер, велат извори блиски до владата.
Засега не е познато дали до тогаш заменик премиерот Крис Ферне ќе ја превземе должноста премиер на земјата. Весникот „Сандеј тајмс“ од Малта, објавил претходно дека Мускат ќе поднесе оставка во рок од шест до девет месеци, но дека тоа би можело да се случи и порано. Мускат за прв пат беше избран за премиер во 2013 година, а неговот име се поврзува во случајот со убиството на новинарката која пишувала за корупција во врвот на власта.
(Заговор) Поранешен шеф на кабинет на премиерот вмешан во убиството на новинарката од Малта
Текстот И премиерот на Малта вмешан во убиството на новинарката Дафне Каруан Галиција? е превземен од Reporter.mk.