Тинејџерка од Индија која во 2017 година обвинила еден претставник од владејачката партија дека ја силувал, сега доживеала сообраќајна несреќа под сомнителни околности. Девојката во несреќата која се случила во државата Утар Прадеш во северна Индија доживеала тешки повреди, пренесуваат светските медиуми.
Деветнаесетгодишната Индијка, патувала во автомобилот заедно со својот адвокат и уште две нејзини роднини. Од ударот со камион, роднините починале, а таа и нејзиниот адвокат со тешки повреди завршиле во болница, пишува „Би-Би-Си“.
Девојката го обвинила политичарот Кулдеп Синха Сенгара, за силување, а тој во затвор се наоѓа повеќе од година дена. Полицаецот Ракеш Синг за „Би-Би-Си“ изјавил дека возачот на камионот е уапсен и однесен на испрашување. Во извештаите е наведено дека регистарската таблица на возилото била премачката со црна боја.
Опозицијата повикала на истрага на сообраќајната несреќа, наведувајќи дека околностите на настанот се сомнителни. Официјалното лице на главната опозициска партија Самаџвади, Акхилеш Јадав, изјавил дека инцидентот може да се окарактеризира и како обид за убиство.
Девојката се обидела да се запали пред резиденцијата на државниот министер Јоги Адитјанатх, тврдејќи дека Сенгар ја киднапирал и силувал. Ден подоцна, таткото на жртвата починал во затворот. Наводно недела дена претходно ги нападнал политичарот Сенгар и неговите приврзаници.
Потоа индиските власти го превзеле случајот и го уапсиле Сенгер со уште 10 лица.
The woman from #Unnao, who had accused #BJP MLA #KuldeepSinghSengar of raping her in 2017, is undergoing treatment at King George’s Medical University in #Lucknow https://t.co/ttuC1EseMi
— National Herald (@NH_India) July 29, 2019
Текстот Индијка обвинила политичар дека ја силувал, а сега ѝ наместиле сообраќајка е превземен од Reporter.mk.