Прочуеното дело на Леонардо да Винчи „Салватор мунди“ (Спасителот на светот), најскапата слика некогаш продадена, исчезна од очите на јавноста. Експертите велат дека последен пат таа била забележана во сопственост на саудискиот принц Мухамед бин Салман.
Но поради големите критики кои тој ги доживеал во своето опкружување, се верува дека тој се ослободил од неа продавајќи ја на негов пријател.
Сликата во 2017 година на аукција во Њујорк била продадена за 450,3 милиони долари, а подоцна истата требало да биде претставена на изложба во Абу Даби. Иако секретаријатот за култура во оваа земја соопштиле дека сликата ќе биде изложена во септември 2018 година, овој настан никогаш не се случил.
Настанот бил одложен без никакво објаснување, пишуваат светските медиуми. Во јавноста кружат шпекулации дека Мухамед бин Салман добил критики од своето опкружување поради тоа што мотивот на христијанскиот спасител ги надминал границите на толеранција во оваа религиозна исламска земја.
Тоа наводно била и причината поради која е договорена спектакуларна трампа. Мухамед бин Салман наводно ја отстапил сликата на семејството на Халиф бин Зајед ал Нахјан, претседателот на Обединетите Арапски Емирати.
За возврат Салман ја добил луксузната јахта „Топаз“, која е со должина од 147 метри и спаѓа меѓу најдолгите приватни моторни јахти на светот. Чини околу 450 милиони долари. Во јахтата има неколку базени, џакузи, кина, теретана и два хелидрома.
Други, пак, сметаат дека можеби престолонаследникот едноставно одлучил сликата да си ја задржи за себе. Во 1958 година, оваа слика се смета за третa класа во работилницата на Леонардо.
Тогаш на аукција била продадена за 45 фунти. Во 2005 година официјално била потпишана со името на Леонардо, за по 12 години да и се изгуби секаква трага.
Текстот Исчезна најскапата слика во светот, вредна 450 милиони долари е превземен од Reporter.mk.