Турчинот Алсин Левент, човекот кој се сомничи дека во февруари минатата година со автомобил ги усмрти познатиот фолк-пејач Шабан Шаулиќ и неговиот клавијатурст Мирсад Кериќ, исчезна од градот Гитерсло, каде што до неодамна живеел.
Судењето за овој случај сè уште не е почнато и никој не ги знае причините за одолговлекувањето на процесот, а исчезнувањето на главниот и единствен виновник за предизвиканата сообраќајка само дополнително ги комплицира работите. Според пишувањето на германските медиуми, сè во врска со Кериќ се држи во тајност.
Никој од судот не сака да ја коментира постапката која е во тек.
„Во меѓувреме, како што се шират информации во јавноста, Кериќ повеќе не живее во Гитерслоу. Директорот на Окружниот суд во тој град нема одговор на прашањето зошто толку долго време се чека на почетокот на судењето“, пишува германскиот портал NW.
„Судењето ќе биде одржано, се разбира, во Гитерслоу, а единствено прашање е кога тоа ќе се случи. Помина половина година од подигањето на обвиненијата, а сè уште не е познат датумот на судењето кое со внимание ќе го чека цела Србија. Истражниот судија Кристоф Макел проблемот во доцнењето на процесот го гледа во Окружниот суд во Гитерслоу, а додал дека семејството станало нетрпеливо, затоа што убиецот сè уште не е донесен пред лицето на правдата“, пишува овој сајт.
Истиот истражен судија, Кристоф Макел, во мај 2019 година дал изјава за медиумите во која изјавил дека Алсин Левент ја доставил неговата адреса до судот и дека не постои можност за бегство. Очигледно неговите проценки биле погрешни. Ни адвокатот на Левент не сака да открие каде исчезнал неговиот клиент.
Само објаснил дека тој добил голем број смртни закани.
„Според податоците на истрагата до овој момент, Левант досега се товари за невнимателно возење со кое убил две лица. Бидејќи возел под дејство на алкохол, нема сомнение дека повторно ќе се најде зад решетки, но мора да се води сметка на затворската казна. Налозите од обдукцијата укажуваат на тоа дека Шаулиќ, кој седел на совозачкото место, и Кериќ, кој управувал со возилото, не биле врзани. Овој податок е од исклучителна важност за носењето на пресудата“, пишуваат германските медиуми.
Семејството Шаулиќ засега се нема огласено по повод новите информации.
За потсетување, српскиот пејач Шабан Шаулиќ настрада на 17 февруари 2019 година во близина на германскиот град Билефелд, кога на автомобилот „сеат ибица“ налета друго возило со голема брзина. Шаулиќ некое време бил свесен, но починал во болницата, додека неговиот клавијатурист Мирсад починал неколку дена подоцна. Со нив двајцата во автомобилот бил и менаџерот и кум на Шаулиќ, Слободан Стојадиновиќ, кој се здобил со повеќекратни повреди.
Текстот Исчезна убиецот на Шабан Шаулиќ е превземен од Reporter.mk.