Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, која е висок советник во Белата куќа, Иванка Трамп, испратила стотина пораки на е-пошта поврзани со работата на владата од нејзината лична е-пошта во 2017 година, пишува „Вашингтон пост“.
Пораките се испратени до советниците во Белата куќа, членовите на Кабинетот и помошниците на Иванка Трамп.
Ваквото откривање на случајот вознемирило поедини советници на Доналд Трамп, кои стравуваат дека праксата на ќерката на Трамп е слична на онаа на која Трамп се фокусираше во текот на својата кампања во 2016 година, а која се однесуваше на Хилари Клинтон и употребата на нејзината лична е-пошта.
Весникот се повикува на извори кои се запознаени со проблемот и дека некои соработници биле изненадени од количината на пораките на личната е-пошта на Иванка.
Од канцеларијата на адвокатот и советник за етика Иванка Трамп соопштиле дека ќерката на претседателот повремено користела своја приватна е-пошта, пред да се запознае со правилата, но и дека ниту една нејзина порака не содржела доверливи информации.
„За време на преминот во влада, откако ја добила службенат е-пошта, госпоѓа Трамп понекогаш ја користела својата личнае-пошта, која речиси секогаш е поврзана со логистиката и распоредот во врска со нејзиното семејство“, се наведува во соопштението и додава дека нејзината употреба на е-пошта е поинаква од онаа на Клинтон, која користела приватен сервер за е-пошта во неговата куќа.
Текстот Иванка Трамп испратила стотина доверливи документи од личната е-пошта е превземен од Reporter.mk.