Додека пливале и нуркале во водата, на 100 метри од крајбрежјето, на нив налетал глисер кој удрил во Верена. Несреќата се случила на плажа во Крк. Дитрих вели дека ќерка му викендов требало да одржи курс по нуркање.
„Тргнавме на тренинг и почнавме со нуркањето. Бевме на две минути длабочина од околу 15 метри. Пливавме кон брегот кога го забележавме глисерот. Тој со голема брзина се доближуваше. Наеднаш сврте кон нас и ние немавме време да реагираме. Удри во нас на околу 100 метри од брегот, каде е забрането да биде“, сведочи таткото Дитрих.
„Не можете да го замислите тој ужас. Ни ја скина нуркачката опрема, одделата и перките. На Верана и ја повреди ногата, а мене стапалото. Хоророт настана за време на акцијата за спасување. Како да бевме луѓе од трет свет. На итната помош и требаше цела вечност да пристигне. Никој не зборуваше англиски, ни германски во болницата. Само главниот доктор, кој пристигна да ми ја каже тажната вест“, раскажува Дитрих.
Дитрих вели дека со глисерот управувал управник кој поседувал моторен спортски-рекреативен брод и кој бил хрватски државјанин. Утврдено е дека не бил под влијание на алкохол, но засега неговиот идентитет се крие.
Семејството Хајнц ангажирале и адвокат од Риека за да ги застапува. Според наводите на пријателите, семејството ангажирало адвокат, по пишувањата на хрватските медиуми дека несреќата се случила на 300 метри од брегот.
Семејството вели дека таквите информации се неточни и ги обвиниле службите дека сакаат да го прикријат случајот со загинатата девојка. Изворот истакнува дека полицијата ги иземала како докази знаменцата кои го означувале местото до каде може да се вози со глисер.
Верена и Дитрих имале нуркачки оддела и комплетна нуркачка опрема и тоа од најсовремен тип. Таткото на Верена се занимава со продажба на опрема и ги следи сите трендови и технолошки достигнувања.
Токму затоа, како што неофицијално се дознава, клучниот доказ би можел да биде специјалниот нуркачки часовник кој го носела Верена, а кој исто така е земен во предвид во истрагата.
Текстот Ја чекале итната помош цела вечност, а лекарите не знаеле англиски, сведоштво на таткото на загинатата Австријка е превземен од Reporter.mk.