Јапонски новинар шпионирал во Русија, веднаш бил протеран од земјата

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека денес од земјата бил протеран државјанин на Јапонија, поради обид за шпионажа. Јапонецот се обидел да набави тајни информации поврзани со руската воена опрема.

Русите го натерале новинарот, чие име не е објавено, да ја напушти земјата за помалку од 72 часа. Светската агенција „Ројтерс“ пренесува дека новинарот немал голем избор и веднаш се вратил во својата родна земја.

Од Руското министерство ги повикале претставниците на јапонската амбсада во Москва, за да им врачат официјален дипломатски протест, поради ваквиот инцидент.

 

Текстот Јапонски новинар шпионирал во Русија, веднаш бил протеран од земјата е превземен од Reporter.mk.