Како семејството Рокфелер го стекнало своето богатство

Теориите на заговор за семејството Рокфелер датираат уште од 19. век. Ова семејство долго време го поврзуваат со идеите за тајна светска влада, или позната меѓу теоретичарите на заговор под името Нов светски поредок. Многумина се сомневаат во нивните добри намери и веруваат дека нивното богатство е стекнато по нелегален пат.

Историјата за семејството Рокфелер датира уште од втората половина на 19. век, кога Џон Д. Рокфелер ја изградил империјата во Америка благодарение на „Стандард оил“, компанија која до крајот 1870 година држела преку 90% од нафтатта во САД. Врховниот суд во 1911 година, донел одлука, компанијата да биде поделена на 34 помали фирми.

Рокфелери го задржале пропорционалниот удел во сите новонастанатите фирми, а нивното лично богатство дури и пораснало и покрај тоа што нивното влијаение во нафтената индустрија се намалило. Џон Рокфелер починал во 1937 година, оставајќи повеќе финансиски фондови зад себе, во рацете на своите машки потомци.

Од таа причина голем број теоретичари прашуваат каде се сега тие пари? Преостанатите Рокфелери, според листата на „Форбс“ во 2016 година, имале комбинирана нето вредност од 11 милијарди долари, што ги прави 23. најбогато семејство во Америка. И понатаму тоа се многу пари, но ни приближно толку колку што некогаш имале, пишува „Гранџ“.

Рокфелери не се збогатиле со хумана работа, сметаат теоретичарите. Тие секоја година ги користеле другите луѓе и краделе од нив. Така Рокфелери ги присвоиле големите железнички, трговски и нафтени компании. Како што пренесувале весниците од 1911 година, сопствениците на железниците, биле при крај со поставувањето на пругите.

Кога сакале да градат терминали, им снемало пари. Тука на сцена стапува Фредерик Гејтс, човекот кој управувал со добротворните донации на Рокфелер. Тој им објаснил на нив дека Рокфелер ќе им позајми пари. Тие го прифатиле заемот во висина од 420.000 долари. Два месеци подоцна, Рокфелер ги принудил парите да му ги вратат.

Луѓето имале доволно причини да го мразат ова семејство уште од стартот. Ги нарекле крадци, убијци, манипулатори и лажговци.

Денеска голем број теоретичари веруваат дека ова семејство ги има оформено двете најмоќни институции во светот, „Трилатералната комисија“ и „Билдерберг групата“.

„Некои веруваат дека Рокфелери се дел од тајна организација која работи против интересите на САД, кои го етикетираат моето семејство и мене како „интернационалисти“, здружени со сите како нас низ светот, сè со цел изградување на подобра политичка и економска структура. Ако ова се вистински обвинувања, тогаш морам да признаам дека сум виновен и дека горд сум на тоа“, изјавил во една прилика Дејвид Рокфелер.

Теоретичарите на заговор веруваат дека семејството Рокфелер го контролира американскиот долар со помош на федералните резерви и заедно со останатите моќни семејства и компании како што се Ротшилд, Варбург, Голдман Сакс и Леманс. Ова се главните ликови и банки кои го контролираат светот според теоретичарите на заговор.

Најинтересна им е приказната дека Рокфелер ја има главната улога во Банката за меѓународно порамнување, сместена во Базел, која првично е основана се со цел семејството да го спаси изгубеното богатство од периодот во Првата светска војна. Подоцна истата почнала да служи и како банка на Светската централна банка.

Трилатералната комисија ја основал Дејвид Рокфелер во 1973 година, со цел поврзување на најголемите светски економии и ако постои некаков вид на светска влада, тогаш ова е нејзиното службено име. Денес оваа организација брои помалку од 400 членови, а наводно членови можат да бидат само милијардери и оние кои управуваат со одреден број на луѓе во држава или регион во кои делуваат

 

 

 

Текстот Како семејството Рокфелер го стекнало своето богатство е превземен од Reporter.mk.