Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, смета дека капитализмот ја уништува младината и дека поради таквиот систем сè повеќе средношколци и девојки во земјата се вмешани во неморални сексуални чинови. Централниот комитет на Корејската работничка партија издал и директива со која се повикува на силни мерки против истите.
Според извештајот на „Експрес“, Ким за однесувањето на тинејџерите го обвинил декадентното капиталистичко влијание, вклучувајќи ги и порноматеријалите, кои биле шверцувани преку кинеската граница и биле поделени преку мобилни телефони и УСБ-апарати.
Ким додал дека родителите и наставниците можат да се соочат со сериозни казни, доколку не ги контролираат тинејџерите и нивното однесување. Лидерот на Северна Кореја, кој во изминатиот период се обиде да се сокрие од јавноста, сега цели на неморалот меѓу тинејџерите во земјата, чии постапки ги смета за предавничко однесување.
„Во последно време сè повеќе среднишколци и девојчиња се вмешани во неморални сексуални активности. Причната за наредбата на Централниот комитет на Корејската работничка партија е затоа што некои средношколци и девојки се дружат со локални гангстери. Тие живеат заедно и прават неморални дела, како што е проституцијата. Неморалното сексуално однесување на учениците, под влијание на капиталистичкиот начин на живот, стана проблем во земјата. Одборот за сексуален промискуитет меѓу тинејџерите се дефинира како предавнички чин, кој му помага на непријателот да го уништи нашето општество“, вели инсајдер за „Радио Слободна Азија“.
„Студентите се исплашени поради строгите казни“, дополнува изворот, кој исто така зборува за тоа како порастот на „сексуален промискуитет“ продолжил за време на големиот пораст на електронските медиуми. Комитетот исто така барал од училиштата да ги проверат телефоните или другите видови уреди на учениците.
Ова следење е објавено преку апликацијата наречена „Црвено знаме“, која води евиденција за сите веб-локации кои корисниците ги посетиле. Апликацијата исто така ги зема сликите од екранот кои властите можат да ги проверат. Друг извор открил дека постои широк страв од строгите мерки и меѓу наставниците.
Текстот Капитализмот ја уништува младината во Северна Кореја, ги тера на секс и проституција, смета Ким Џонг-ун е превземен од Reporter.mk.