Католички конзервативци, објавиле апел, полн со теории на заговор, поврзани со пандемијата на коронавирусот. Во апелот, меѓу останатото, се истакнува дека пандемијата е изговор за воспоставување на светска влада, пишува хрватскиот портал „Индекс“, а пренесува српски Курир.
Во текстот е наведено дека станува збор за група на истакнати конзервативни католици, меѓу кои и поранешниот префект на Конгрегацијата за наука и вера, кардиналот Герхард Милер.
Апелот бил објавен на иницијатива на поранешниот американски амбасадор во Ватикан, познат и како противник на папата Франциско, надбискупот Карло Марио Вигано.
„Апелот на Црквата и светот, католиците и сите луѓе со добра волја“ е името на текстот објавен на интернет на 8. мај, кој во меѓувреме бил потпишан од стотина католици ширум светот.
Апелот, како што е наведено во текстот, бил објавен на англиски, германски, италијански, француски, португалски, шпански, унгарски, полски и словенечки јазик.
Во апелот е наведено дека пандемијата била изговор за да се предизвика неоправданото ограничување на правата на луѓето. Објаснето е дека јавното здравје, не може да биде причина за загрозувањето на правата на милиони луѓе ширум светот, како и тоа дека цивилните власти, не делуваме во името на општото добро.
„Многу авторитативни гласови од светот на науката и медицината потврдуваат дека медиумскиот алармизам, во врска со „Ковид-19“, е целосно неоправдан, стои во апелот.
Понатаму се споменуваат неименувани сили, кои сакаат да предизвикаат паника меѓу светската популација, сè со цел, да го остварат проектот „светска влада надвор од секоја контрола“.
Епидемиолошките мерки се опишуваат како општествен инженеринг, а држењето растојание, е всушност план за да се изолираат одредени поединци, за да може полесно да се контролираат и манипулираат.
Се тврди дека пандемијата се користи за воспоставување на технолошка тиранија. Тие потсетуваат дека за католиците е неморално да примат вакцина направена од клетките на абортирани фетуси.
Индиректно се криткува и папата Франциско, поради тоа што ги укинал мисите, а истакнуваат дека цивилните власти, немаат никаков авторитет за да ги ограничат или забранат јавните обраќања и одржувањето на свештеничките должности.
На крајот ги повикуваат католиците да не дозволат, вековните христијански цивилизации да бидат избришани под изговор на вирусот и на тој начин да биде воспоставена технолошката тиранија. На верниците им порачуваат дека се или со Христос или против Христос.
Авторот на текстот Гордан Духачек, пишува дека Германската бискупска конференција, се оградила од овој апек, а генералниот викар на бискупијата Есен Клаус Пфефер, во интервју за германски „Шпигел“, бил уште поостар, нарекувајќи го овој апек, ширење на приземни теории на заговор.
Есен за настанокот на апелот, ги обвини конзервативните сили, внатре во Црквата, од кои папата Франциско се дистанцирал. Меѓу првите потписници, бил наведен и актуелниот префект на Конгрегацијата за наука и вера, кардиналот Роберт Сарах, кој подоцна на „Твитер“, објавил дека не го потпишал апелот.
Вигано, пак тврди дека Сарах бил меѓу оригиналните потписници, но се предомислил три часа подоцна, откако апелот бил објавен. Меѓу главните потписници на овој апел, се наоѓаат 20 бискупи, како и повеќе католички свештеници, меѓу кои има и лекари и правници католици.
Текстот Католички конзервативци потпишале апел полн со заговори околу коронавирусот е превземен од Reporter.mk.