Војската на Северна Кореја, денеска испалила неколку истрели во правец на Јужна Кореја во демилитаризираната зона, која го дели полуостровот на два дела. На ваквиот потег одговориле и од Јужнокорејската војска, соопштиле од Сеул, пренесува српски Курир.
Јужнокорејскиот воен пункт бил погоден со неколку истрели, но извештаи за жртви засега нема. Јужнокорејските војници потоа одговориле со оган и испалиле неколку истрели како предупредување во правецот на север.
Во соопштението се додава дека од јужнокорејската страна нема повредени ниту штети, пренесува Johap. Како што е наведено, истрелите испалени од Северот, го погодиле пинктот во пограничниот град Чеорвон.
Демилитаризираната зона се наоѓа на граница меѓу двете Кореи, а е воспотавена по завршувањето на Корејската војна во 1953 година.
Текстот Ким Џонг Ун ѝ објави војна на Јужна Кореја? е превземен од Reporter.mk.