Официјални извори од Северна Кореја, тврдат дека со здравјето на нивниот лидер Ким Џонг Ун сè е во најдобар ред и дека можеби се крие поради загриженоста од коронавирусот, пренесува cnbc. Ваквите изјави се во согласност со некои од странските известувачки служби, кои тврдат дека го снимиле Ким од сателит во неговиот воз.
Министерот Ким Џон Чул објаснил дека лидерот го пропуштил 15. април, денот на одбележувањето на роденденот на неговиот дедо, затоа што бил загрижен за неговото здравје поради коронавирусот, но не затоа што е болен. Во јавноста претходно се ширеа шпекулации дека по операцијата на срцето тој е тешко болен, па можеби и починат.
Отсуството на Ким на јавните церемонии по повод годишнината од раѓањето на неговиот дедо и основач на земјата, Ким Ли Сунг, беше без преседан и од тогаш тој не се појави во јавност.
Сепак официјални извори од земјата нагласија дека станува збор за погрешни извештаи кои ја пренесоа информацијата дека Ким е болен. Министерот Чул објасни дека лидерот се плаши за своето здравје за да не се зарази од коронавирусот.
„Точно е дека никогаш не ја пропуштил годишнината од роденденот на Ким Ли Сунг, откако ја превзема власта, голем број настани, вклучувајќи и прослави и банкети, се откажани поради загриженоста од коронавирусот“, изјавил Ким Џон Чул, во расправата во параламентот.
Дека сè е во ред со здравјето на Ким, се согласуваат и некои од странските известувачки служби. Северна Кореја е затворена земја, па поради тоа со сателит многу е полесно да се следи севернокорејскиот лидер.
Групата 38north, со седиште во Вашингтон, наведува дека Ким бил виден на сателитски снимки, во неговиот воз на железничката станица во Вонсан. Тој бил снимен како се симнува од возот на 21. април. Како што е наведено во нивните извештаи, возот е долг 250 метри и не бил стациониран на тоа место на 15. арпил, но бил од 21 до 23 април.
Сепак голем дел од теоретичарите на заговор, сметаат дека поради возот, не може да се потврди и точната локација на Ким.
Ниту пак може било што направено од сателитските снимки да ја открие неговата здравствена состојба. Многумина од нив сметаат дека официјалните изјави на високите претставници во земјата, не коренсподираат со изјавите дека земјата одлично се бори со коронавирусот. Ако е така, зошто Ким се крие, прашуваат тие.
Северна Кореја ги откажа дел од големите настани, ги блокираше границите и спроведе карантински мерки во настојување да го спречи избивањето и ширењето на коронавирусот. Но, ако Ким се крие поради страв од „Ковид-19“, тоа ќе биде спротивно од државните медиумски извештаи, во кои се говори дека тој со кризата совршено управува“, изјавил Чед Окорел, извршниот директор на „Кореа Риск Групата“.
Текстот Ким се плаши и се крие од коронавирусот, севернокорејскиот лидер бил виден во воз е превземен од Reporter.mk.