Владата на САД смета дека сопствениците на Гриндра, најпопуларната светска геј-апликација за запознавање, претставува закана по американската национална безбедност, пренесува „Ројтерс“.
Калифорниската компанија „Гриндр“ од претходната година е во целосна сопственост на една од најголемите кинески компании за мобилни игри „Кунлун“. Кинескиот милијардер Џоу Јахуи во 2016 година откупил 60% од „Гриндр“, а во 2018 година и остатокот за 155 милиони долари.
Одборот за странски вложувачи во САД (CFIUS) заклучил дека „Кунлун“ претставува потенцијална опасност за националната безбедност, затоа што преку апликациите за запознавање собрал голема количина лични податоци од своите корисници.
Меѓу останатото собирал од корисниците информации за локациите, лични пораки, но и можел да знае дали корисникот е позитивен на ХИВ или не, пишува „Ројтерс“.
Владата на САД смета дека кинеската компанија сега во рацете има оружје што би можела да го користи за уцена. Истиот страв го изразиле и двајцата американски сенатори Едвард Марк и Ричард Блументал, кои минатата година јавно побарале сопствениците на „Гриндра“ да објаснат што прават по прашањето на заштитата на приватноста на своите корисници.
Апликацијата за хомосексуалци, бисексуалци и трансродни личности, според последните податоци има 27 милиони корисници ширум светот, а „Кунлун“ оваа година планирал и јавна понуда на акциите. Сепа,к плановите им се нарушиле поради реакцијата на американската влада, а геј-апликацијата планираат да ја продадат по брза постапка.
Текстот Кина доби база на податоци за геј-лицата во САД, Америка смета дека е загрозена е превземен од Reporter.mk.