Кина воведува застрашувачки надѕор над луѓето – животот ќе им зависи од бодови

Секој кој некогаш читал дистописки роман, кој го опишува 24 часовниот надѕор над целата популација, нелагодно ќе ја прими веста која доаѓа од Кина.

Дека Кина е земја со помалку лична слобода од повеќето западни земји, не е некоја новост. Но, плановите на владејачката Комунистичка партија во Кина звучат како да се препишани од некој од познатите дистописки романи на Џорџ Орвел.

Владејачката партија во Кина воведува нешто што се нарекува „општествен кредит“, своевиден систем на бодување на секој поединец во општеството, кој на големо ќе ги одредува шансите на истиот.

Во рок од неколку години, кинеската Комунистичка партија на поверодостојните ќе им дозволи слободно да шетаат насекаде, додека на дискредитираните ќе им отежни да направат каков било чекор, без нивно знаење.

Ваквиот надѕор ќе биде под контрола на вештачката интелегенција,

Како што пренесува австралиски ABC, „општествениот кредит“ во Кина е нешто како лична картица со бодови кои ќе ги добие секој од 1,4 милијарди жители на Кина.

За што служи општествениот кредит? Ќе има двозначна функција. Граѓаните со висок општествен кредит ќе имаат ВИП третман во хотелите и кулите, поевтини заеми, забрзан упис на најдобрите универзитети и пристап до најдобрите работни места.

Се разбира постои и ддруга страна од паричката. Имено, оние со понизок општествен кредит ќе можат да добијат забрана за патување, забрана за вработување во државните и јавните фирми, но и забрана за подигање на кредити.

Оваа орвеалска програма ќе се спроведува благодарение на high-tech надзорните системи, кои ќе бидат контролирани од вештачка интелегенција на која Кина интезивно работи веќе со години.

Безбедносните камери ќе бидат опремени со софтвер за препознавање на лица и скенирање на телата за да секој граѓанин на Кина би бил под константна контрола.

200 милиони камери ќе контролираат се. Мрежа од 200 милиони CCTV камери ќе го следи секој чекор на луѓето. До која мера секој чекор ќе биде важен, илустрира и податокот дека општествениот кред ќе биде намален за неколку бода, доколку лицето во трговските центри купи преголема количина на алкохол.

Но тие бодови можат лесно да се вратат со купување на пелени за бебе. Секој потег сугерира на општествена одговорност. Системот секој потег на лицето ќе го следи во живо, што значи дека секој општествен кредит постојано ќе се ажурира во зависност од тоа што лицето работи.

Но, износот на општествениот кредит нема да зависи од тоа што луѓето купуваат во трговските, туку и од тоа што работат или зборуваат меѓу себе. Разговорите меѓу пријателите и семејствата исто така ќе бидат следени. На пример, ако некој најдобар пријател или татко му спомне нешто негативно за властите, тоа негативно ќе се одрази на општествениот кредит за тоа лице. Истото важи и за партнерите.

Апликацијата на паметните телефони исто така ќе се користи за собирање на податоци за луѓето, односно непрекинато следење на нивното секојдневно однесување.

Најголемото движење на општествена контрола во историјата

Во системот на бодување на граѓаните ќе бидат вклучени и традиционалните извори на информација како службените државни документации за секој поединец (резултатите и оценките од школите, медицинските картони, безбедносните проценки и финансиските записи). Сите тие податоци ќе одредуваат колкав ќе биде општествениот кредит на поедини лица во Лина.

Во овој голем проект вклучени се повеќе компании кои работат под контрола на државата за да можат да се координираат и да ја конфигурираат оваа технологија и да го финализираат алгоритамот.

АBC наведува дека веројатно се работи за најголемиот проект на контрола на општеството во историјата, односно за обид целосно да се контролираат повеќе од милијарди луѓе.

Ако успеат во тоа, ова ќе биде првата дигитална диктатура во историјата.

 

 

 

 

 

 

Текстот Кина воведува застрашувачки надѕор над луѓето – животот ќе им зависи од бодови е превземен од Reporter.mk.