Германскиот медиум „Шпигл“ ги откри извештаите на германската истражувачка организација BND, кои покажуваат дека Кина ѝ вршела притисок на Светската здравствена организација да молчи за коронавирусот.
„Шпигл“, објави телефонски разговор меѓу директорот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус и претседателот на Кина Си Џинпинг, кој се случил на 21. јануари, пренесува „Дејли мејл“.
Според пишувањата на британскиот медиум „Шпигл“, објави дека Си побарал од Гебрејесус, СЗО да не објави дека коронавирусот преминал од човек на човек и да го одложи прогласувањето на пандемијата.
Германскиот неделник во извештајот ги цитирал наводите на германскaтa известувачкa службa BND, од каде не сакале да дадат никаков коментар за јавноста.
„Шпигл“, го пренел заклучокот на BND, кои прстот го посочиле кон Кинезите и според истиот, поради кинеската политика, биле изгубени шест недели во борбата против пандемијата.
Од Светската здравствена организација негираат дека Кина и врешела притисок да молчи и да не ги објави навреме, информациите за новиот коронавирус. Таа ваквите наводи ги толкува како лажни обвинувања, пренесува Курир.рс.
Првите луѓе на СЗО, на Обединетите Нации им соопштиле дека е неточен и непоткрепен со докази, извештајот на германскиот неделник „Шпигл“, кој смета дека Кинезите им извршиле притисок на одговорните во СЗО.
СЗО денеска објави дека претседателот на СЗО и кинескиот претседател никогаш не разговарале на телефон. Тие ги отфрлија ваквите тврдења како неосновани, а извештајот го толкуваа како неточен.
Тие сметаат дека ваквите информации имаат намера да го свртат вниманието од борбата против коронавирусот и напорите кои СЗО ги прави во сузбивање на пандемијата.
Во соопштението на СЗО е наведено дека Кина, на 20. јануари, го потврдила преносот на коронавирусот од човек на човек, а СЗО два дена подоцна соопштила дека во кинескиот град Вухан, постои доказ за пренесување на вирусот од човек на човек, но дека се потребни дополни истражувања.
Пандемијата на коронавирусот, СЗО ја прогласи на 11. март.
Текстот Кина ѝ вршела прититок на СЗО да молчи за коронавирусот е превземен од Reporter.mk.