Глобалната пандемија на коронавирусот ги разбуди голем број теоретичари на заговор кој почнаа на социјалните мрежи да шират разни теории и објанувања за тоа како вирусот настанал, на кој начин почнал да се шири во јавноста, која е неговата цел…
Интернетот е преполн со разни недокажани теории, а во некои случаи и целосно неверојатни тези кои најчесто немаат никаква врска со реалноста.
1. Кина сакала да го искористи коронавирусот како биолошко оружје против САД
Првата теорија е дека Кина сакала да го искористи коронавирусот како биолошко оружје против САД. За многумина ваквата теорија е лажна и целосно непоткрепена со никакви докази. Но, теоретичарите на заговор тврдат дека коронавирусот настанал во тајни кинески лаборатории, а неговата првична намена била да се создаде биолошко оружје. Точно е дека во Вухам, кинескиот град во кој почнала епидемијата на болеста, која денес го здрмува светот, постои истражувачка лабораторија која се занимава со вирологија, но научниците се едногласни во тврдењата дека коронавирусот настанал по природен пат, а не во лабораторија. Тоа го покажуваат и независните анализи на гени на вирусот, кои се направени во една од најугледните светски научни лаборатории.
2. Земањето ибупрофен овозможува побрзо ширење на вирусот
И за ваквата теорија голем број луѓе сметаат дека е неточна. Ибупрофенот е еден од најчестите лекови против болки и зголемена температура, но тврдењата дека неговото земање го зголемува ширењето на вирусот не е точно. Оваа гласина настана како лажна вест која наводно прку мрежата WhatsApp се рашири од еден вработен во Униерзитетска болница во Виена. Се огласи и самата установа која порача дека не треба да се верува во ништо што се објавува на WhatsApp, туку луѓето да се информираат преку службените канали на комуникација. Според нивните тврдења, Ибупрофенот не е причина за зголемувањето на ширењето на коронавирусот.
3. Коронавирусот е пооапсен и од САРС
Овие тврдења едноставно не се точни. Новиот коронавирус е повеќе заразен од патогенот САРС, но нивото на тешко заболување од САРС било почесто. Во најголемиот број случаи, заболените од коронавирусот минуваат со поблаги симптоми, понекогаш дури и без никакви симптоми.
Во исто време, заразата со сипаници е поголема од заразата на коронавирусот и, според дoктор Бернд Салцберг од германското здружение за заразни болести, нема причина за паника.
4. Чешањето и специфичние црвени отоци на кожата се едни од симптомите на коронавирусот, што се кријат од јавноста.
„И ова е неточно. Според моите сознанија ниту еден пациент кој бил заразен со SARS, како и сегашниот коронавирс немаат никаков осип на кожата“, коментирал за германската телевизиска станица ARD Хартмут Хенгел, професор по вирологија на Универзитетската клиника во Фрајбург и претседател на Здружението виролози.
5. Институтот кого го поддржува фондацијата „Гејтс“ има патент на коронавирусот
И ова е неточно, но според тврдењата на теоретичарите на заговор на интернет, фондацијата на Бил Гејтс финансирала развор на патоген. Фак е дека „Пирбрајт“ институтот уште од 2015 година има патент под името „Коронавирус“, но станува збор за патент за вакцина против вирус на птици. Истражувањето кое тогаш било спроведено нема никаква врска со сегашната пандемија.
Коронавирсот не е само COVID-19, ког сега се шири низ светот, туку е и SARS, MERS, птичјиот грип против кој во 2016 година, овој институт разви вакцина.
Текстот Кинезите го развиле коронавирусот како биолошко оружје против Америка, пет теории на заговор е превземен од Reporter.mk.