Леталото на кинеската вселенска мисија „Чанге-4“ е првото вселенско летало кое во јануари се спушти на темната страна на Месечината. Неговата мисија има за цел да го проучи составот на земјата, односно слојот меѓу кората и јадрото. Сега роверот е во нова „прошетка“ на Месечевата површина.
Кинескиот научник Ју Тианџи е човекот задолжен за проучување на фотографиите кои роверот ги снимил. Тој вели дека била откриена нова супстанца која сакаат да ја испитаат, пред ровеот да продолжи да ја испитува понатаму површината.
На интернет страната на кинеската вселенска агенција е наведено дека обликот и бојата на материјата се значително поинакви од околното лунарно тло, пренесува „Неделник“.
Една од теориите е дека е во прашање импактит, односно материја која останува по удар на метеорит како резултат на влијанието на силните механички сили, високиот притисок и температурите. Ваквата материја ја менува содржината, обликот и бојата, односно има агрегатна состојба слична на гел.
Кина допрва треба да ги објави официјалните фотографии од материјата.
Текстот Кинезите открија непозната супстанца на темната страна на Месечината е превземен од Reporter.mk.