Кинезите со микрочип во борба против коронавирусот

Кинезите создадоа чип кој откако ќе биде ставен во телото на човек заразен од коронавирус, брзо ќе ги препознае симптомите на опасната зараза и другите респираторни вируси.

Само 90 минути се доволни за дијагностицирање на сомнителните нови случаи на коронавирус. Благодарение на новиот чип, препознавањето на респираторните вируси е значително побрзо. Затоа, сега производството на овој чип со нуклеинска киселина зема полн замаф во југозападна Кина.

Чипот ќе превземе голем дел од товарот на медицинските работници. Во недостиг на вакцини, раното откривање и изолацијата на заболените се важни во напорите на сите земји да ја спречат новата епидемија.

„Веруваме дека детекцијата на нуклеинската киселина, е многу поточна од детекцијата на антителата. Покрај тоа, предноста на чипот лежи во фактот дека истовремено може да откри шест вируси“, изјавил доктор Чен Леи, шефот од Одделението за управување со клинички истражувања во западна Кина, од Универзитетот „Сечуан“.

Се покажало дека доколку пациентот е позитивен на коронавирус, доволен е еднократен тест. Чипот е користен и за откривање на други облици на грип.

Околу 12.000 чипови и одговарачки апарати веќе биле донирани во провинцијата Хубеи, место кое исто така беше погодено од коронавирусот. Произведувачот може да произведе 24.000 чипови дневно.

 

 

Текстот Кинезите со микрочип во борба против коронавирусот е превземен од Reporter.mk.