Климатските промени се виновни за невообичаените високи и ниски температури кои се вообичаени во изминатите неколку години и кои се појавуваат во периоди нетипични за нив, сметаат научниците.
Тие објаснуваат дека во последните неколку години сè почесто сме сведоци на екстремните временски настани, како што се невообичаените високи температури, кога не е период за сончево време, или силни дождови и бури кои се во состојба за неколку часа да ги поплават големите улици и булевари во главните градови пишува Klima101.rs.
Исто така научниците предупредуваат на топлотните бранови поради кои во лето не луѓето не сакаат да излегуваат од климатизираните простории.
Тие велат дека можноста да се поврзе конкретен случај со одредена климатска промена е важна. Научниците тврдат дека сега има систем со кој може да се утврди на кој начин глобалната клима ќе се менува во иднина и можат да прогнозираат какви сè екстремни временски услови можеме да очекуваме во иднина.
Многумина велат дека нивните предвидувања, особено во последните неколку години, за жал значително се остваруваат, но има и такви кои не се согласуваат. Многумина не веруваат дека климатските промени се случуваат, а екстремните настани им ги препишуваат на природната варијабилност.
Оние кои што веруваат дека климатските промени се случуваат, сметаат дека човекот би можел да дејствува адекватно на истите. Тие предупредуваат на брзи, неопходни и одлучни одлуки и акции, со цел спречување на истите.
Научниците објаснуваат дека поради променитете климатски услови, расте веројатноста и во иднина да се случат настани како што се забележани во изминатата деценија, но е доста тешко да се процени за секој конкретен случај посебно, пишува Klima101.rs.
За голем број метеоролози денес работите се многу поедноставни. Тие велат дека со големиот напредок во науката и технологијата во последните неколку години, им е овозможено со поголема сигурност да зборуваат за улогата на климатските промени во секој поединечен настан.
Тие велат дека се обидуваат да откријат како климатските промени влијаат и се виновни за еден одреден настан.
Климатски модели
Какво е влијанието на климатските промени на поединечни временски услови, може да се утврди со користење на климатските модели. Климатските модели се симулации на климатски услови кои ги спроведуваат моќни компјутери, а преку нив научниците можат да добијат одредени почетни параметри и потоа да ја следат климата.
Кога се прават овие тестови, преку кои може да се види дали климатските промени имаат вмешано прсти во некои конкретен временски настан, научниците прават илјадници симулации, користејќи различни климатски модели.
Во една симулација параметрите се поставени на начин да одговараат на климатските услови, кои владееле претходно, односно пред да биде зголемена концентрацијата на гасови во атмосферата.
Во другата симулација параметрите се поставени така што, треба да одговарат на климатските услови кои ги имаме денес. Откако двете симулациите ќе завршат, научниците во нив бараат моменти кои би биле интересни за нив.
На пример, доколку сакаат да тестираат дали климатските промени се одговорни за топлотните бранови, кои ова лето ја погодија западна Европа, ќе испитуваат колку пати истите биле присутни и со колкав интезитет би влијаеле во периодот пред зголемена концентрацијата на гасови во атмосферата, а колку сега.
По споредбата на двата типа на симулации, научниците велат дека можат да го добијат одговорот за тоа, колку климатските промени влијаат на овој конкретен настан.
За овој конкретен случај, тие за сајтот www.worldweatherattribution.org велат дека спровеле истражување и дошле до заклучок дека топлотниот бран кој на крајот на јули ја зафати Франција и Холандија, од 10 до 100 пати е поголема шансата да се случел поради климатските промени, кои биле предизвикани од човекот.
Уште сега веќе постојат одредени екстремни настани за кои тие знаат дека воопшто не би се случиле, ако не дошло до зголемена концентрација на гасови со ефект на стаклена градина во атмосферата. Во прашање се исклучително високи температури кои во 2016 година, го предизвикале најтоплото време откако се вршат мерењата.
Топлотен бран бил забележан и во летото 2018 година, кога зафатил поголем дел од северната хемисфера.
За некои настани најлесно ни е да ги обвиниме другите
Иако е направен голем напредок на ваковите типови на истражување, научниците сеуште не можат со ист степен на сигурност, да донесат заклучоци поврзани со климатските промени и сите екстремни настани.
Ова зависи најмногу од површината која временските прилики ја зафаќаат. Колку е поголема површината, толку е полесно да се испита поврзаноста. Кога е во прашање топлотниот бран, кој истовремено зафаќа површина од неколку држави, релативно брзо може да се извршат неопходни број на симулации и да се дојде до заклучок.
Од друга страна, потешко е да се дојде до одговорот за улогата на климатските промени и нивното влијание и поврзаност преку дождовите кои зафатија одредени делови на Балканот, на почетокот на ова лето.
Тоа е затоа што таквите бури се формираат локално и зафаќаат многу помала површина. Количината на податоци која е потребна за да се предвидат временските услови на толкава мала површина е огромна и затоа за таквите симулации потребно е доста време и ресурси.
Од таа причина локалната временска прогноза може да се добие за 24 или 12 часа однапред. Но, научниците велат дека шансите за ваквите ограничувања нема да постојат уште долго.
Веќе уште сега поедини институции поседуваат ресурси за изведување на симулации со резолуција од 2 квадратни километри (тоа е најмалата површина која можат да ја набљудуваат), а напредокот на технологијата и силата на компјутерот наскоро би можел да обезбеди ваквите истражувања да се изведуваат брзо и многу поевтино.
Текстот Климатските промени се виновни за пеколното време е превземен од Reporter.mk.