Кога Јапонија ќе ја добие организацијата на Олимписките игри, во светот настанува голем хаос, било да е тоа војна или некаква пандемија и поради тоа голем број теоретичари на заговор, сметаат дека Токио влече некое проклетство низ историјата.
Јапонската метропола досега трипати ја има добиено организацијата на Олимпијадата, но ова е веќе вторпат како овој голем настан нема да се одржи на нивно тло во предвидениот рок.
Првпат Игрите беа откажани во 1940 година, во периодот на Втората светска војна. Токио го победи Рим во 1932 година во трката за организација на Олимписките игри, а осум години подоцна требаше да стане и првиот азиски домаќин во историјата.
За потребите на овој настан, Јапонија градела стадиони примарно од дрва, затоа што материјалот од метал им бил потребен за произвдство на пушки. Стадионот „Меиџи Џингу“, кој бил изграден е користен во 1964 година.
Но, во 1938 година, голем број земји поради војната меѓу Јапонија и Кина, го откажаа учеството на Олимписките игри, па на Токио му беше одземена организацијата и му беше доделена на Хелсинки.
На први септември во 1939 година, Адолф Хитлер тргнал во офанзива на Полска и за само неколку месеци ги повлекол со себе речиси сите држави во светот на војната. Во тој период никој не мислел на спортот.
Во најголемиот конфликт во историјата на човештвото, според некои проценки, повеќе од петстотини врвни спортисти, кои претходно учествувале на Олимписките игри, го имаат загубено животот.
Олимписките игри не беа одржани ниту во 1940 година, ниту во 1944 година, а наредните се одржани дури во 1948 година, повторно во Јапонија. Оваа 2020 година Токио по третпат ја добива организацијата, а во светот завладеа пандемија на коронавирусот.
Во вторникот е донесена одлука да се одложат Олимписките игри и истите да се одржат наредната 2021 година. Сè почна со бојкотот на Канада која прва одлучи да не ги испраќа своите спортисти, а потоа следеше официјално соопштение на САД, во кое е одлучено истите да се одложат.
Текстот Кога Јапонија ќе ја добие организацијата на Олимпијадата во светот настанува хаос е превземен од Reporter.mk.